Одбраната ќе го реши натпреварот

Македонскиот ракометен шампион Металург, попладнево заминува за Загреб каде утре од 20 часот и 15 минути го игра реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите против хрватскиот првак Кроација Осигурување Загреб.

Тренерот на Металург, Лино Червар кој неколку сезони беше и тренер на хрватската репрезентација и екипа на Загреб во пресрет на реваншот одбраната ја истакнува како клучна за евентуалниот успех.

- Загреб е голем фаворит. Ние ќе мислиме само на нас и ќе се обидеме да им се спротивставиме. Направивме анализа од првиот дуел. Се лежи во одбраната, каде мораме да бидеме трпеливи и ќе се обидеме да ги корегираме грешките, изјави Червар пред тргнувањето за главниот град на Хрватска.

Металург за реванш натпреварот нема да може да смета на повредените од порано Младен Ракчевиќ, Дамир Батиновиќ, Митко Стоилов кои го пропуштија и првиот натпревар, а неизвесно е дали и колку ќе настапат Миладин Козлина и Дејан Манасков. Козлина е во Словенија на рехабилитација бидејќи има повреда и ќе допатува директно во Загреб, додека Манасков поради стомачни проблеми не тренираше изминативе денови.

Пласман во четвртфиналето веќе обезбеди германски Кил, а утре се играат и натпреварите: Копер – Килеце (26:27 прв натпревар), Копенхаген – Савехоф (34:25).

В недела играат: Хамбург – Берлин (30:32), Барселона – Монпеље (28:30), Атлетико Мадрид – Кадетен Шафхаузен (36:27) и Веспрем – Адемар Леон (28:31).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...