Станиќ: Ќе се решава во последната минута!

Вечерва, во Загреб, екипата на Металург ќе го одигра реванш натпреварот од Топ 16 фазата од Лигата на шампионите. Противникот е Загреб, предност од 1 гол по првиот натпревар има македонскиот претставник.

Македонскиот првак Металург вечерва во Загреб одново ќе ги одмерува силите со шампионот на Хрватска, но овој пат влогот кој е на маса е Топ 8 во Лигата на шампионите. Предизвик кој е голем и за двата тима, иако можеби попримамлив е за македонскиот тим кој годинава за првпат во клупската историја е на дофат на ваков пласман. Би додале сега и којзнае кога пак, па затоа оваа шанса ги има карактеристиките на уникатност и нешто што не смее да се пропушти.

Од другата страна, пак, стои колектив кој е исто така решен сезонава да ја претвори во успешна приказна, екипа која има 2 можеби и 3 пати поголем буџет и треба сето тоа да го оправда. Згора на се, за противник го имаат и нивниот поранешен тренер и селектор што покрај натпреварувачките дава и лични мотиви. Но, за силата, изедначеноста, тактиката и слично пишувано е и премногу, а нема да се сменат многу работи до денеска. Загреб е фаворит, Металург оди со намера да направи подвиг. "Одиме да победиме.

Ќе биде тежок натпревар, двата тима добро се познаваат и играат сличен ракомет. Ако се биде како што треба, тогаш очекувам оваа средба да биде слична како и претходните. Ќе се игра гол за гол и очекувам натпреварот да се реши во последната минута", вели голманот на Металург, Дарко Станиќ. "Подготвен сум за нивните напаѓачи, но, знаете, во пракса ситуацијата не е секогаш според плановите. Како што јас се подготвувам за нив и тие исто се подготвуваат за мене. Па ќе видиме како сето тоа ќе изгледа на терен. Важно е да бидеме концентрирани и да одиграме најдобро што можеме. Загреб е фаворит, но ние не сме без шанси. Можеме да се надигруваме со сите, па ќе видиме како ќе биде", вели Станиќ.

Освен Миладин Козлина, кој имаше проблеми со мускулот, сите други играчи се подготвени за натпреварот. Кој колку ќе биде искористен е задача на Червар. На минатиот меч имаше (пре)многу ротации, по што си навлече и многу критики на себе. Сега кога се решава се и нема да има шанса за поправен, експерименти не би требало да има. Одбраната треба да е таа која ќе му овозможи на Металург да биде во игра на овој меч. На претходниот немаше ниту контри ниту полуконтри, генерално за двата тима. Можеби тренерот на Загреб, Ивица Обрван, најдобро го објасни тоа во изјава за хрватски медиум:

 "Зошто немаше контра напади? Затоа што играчите се враќаа веднаш во одбрана. Зошто немаше полуконтри? Затоа што концентрацијата на двата тима беше на максимално ниво цел натпревар..." Така мора да игра Металург и вечерва. Топ 8 не е недостижен, но тешка работа го чека за да биде и остварен. Вечерва се мора да функционира како часовник. Загреб на домашен терен загуби само еден натпревар, но противник тогаш им беше Барселона. А и таа средба се решаваше во последниот напад. Можеби тоа што Загреб сакал или не мораше да се помири со улогата на фаворит.

Се обидоа да го се "извлечат" од таа ситуација, но јасно е, елиминација на хрватскиот тим ќе биде можеби најголемата сензација во Лигата на шампионите, нивни пласман во следното коло, нешто што е многу очекувано.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...