Мареј, Ѓоковиќ и Надал без проблеми

Енди Мареј им се придружи на рекетот број 1, Новак Ѓоковиќ, и број 2, Рафаел Надал, во четврт-финалето од мастерс турнирот во Мајами.

На Енди Мареј му беа потребни 1 час и 46 минути со резултат 6-4, 6-4 во сетови да го совлада Жил Симон и да избори пласман во следната рунда во која противник ќе му биде Јанко Типсаревиќ.

Новак Ѓоковиќ лесно го совлада Ричард Гаскет со 7-5, 6-3 и во следната фаза ќе си ги измери силите со Давид Ферер, кој веќе го елиминира Хуан Мартин дел Потро со 6-3, 6-3 во сетови.

Ова ќе биде 13-ти пат во кариерата на Ѓоковиќ да одигра меч против Ферер, а минатата година тоа се случи дури два пати. Србинот еднаш победи, но Шпанецот успеа да му се реваншира во следниот меч.

Рафаел Надал со 6-4, 6-4 го совлада Кеи Нашикори и се пласираше во четврт-финалето во Мајами мастерс турнирот, а по само еден ден откако Енди Родик го елиминира фаворитот Рожер Федерер од турнирот и Американецот беше елиминиран од Хуан Монако со 7-5, 6-0.

Кај дамите Каролин Вознијачки за прв пат во кариерата успеа да ја елиминира Серена Вилијамс со 6-4, 6-4 и во следната рудна ќе се сретне со фаворитката Марија Шарапова.

Вознијачки три пати до сега губеше од Вилијамс во нивните претходни мечови, а Шарапова се пласираше во следната рунда откако ја совлада Ли На со убедливи 6-3, 6-0 во сетови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...