Ракометарите тргнаа кон остварување на сонот

Македонската репрезентација утрово заминува за Гетеборг каде викендов ќе ги одмерува силите со селекциите на Унгарија, Шведска и Бразил, во битка за едно од првите две места. Со тоа Македонија би изборила учество на Олимписките игри во Лондон и би станала првата македонска репрезентација која оди на ОИ или евентуално втора, доколку ватерполистите успеат во Едмонтон.

Вчера беше одржана последната прес-конференција пред заминувањето на тимот за Шведска.

Говореа претседателот на РФМ, селекторот и дел од ракометарите.

"Репрезентацијата е пред голем предизвик, сега и којзнае кога ќе ни се пружи шанса да се бориме за место на Олимписки игри. Сон на сите ракометари и сите кои се занимаваме со ракомет е да успееме во нашата намера. Не чека нешто што и ние со нетрпение го очекуваме.

Оптимисти сме и мислам дека Македонија ќе добие прв пат екипен спорт на Олимписки игри. Сон е и предизвик, ни претстојат 3-4 дена во Гетеборг да го покажеме тоа што го знаеме. Се надевам дека ќе се повторат игрите од ЕП и дека одново ќе се радуваме", изјави претседателот на РФМ, Михајло Михајловски.

Оптимизмот е присутен во редовите на македонскиот тим и покрај проблемите кои се јавија со повредени играчи.

"Заедно сме една недела, одигравме 2 контролни меча. Мал проблем ни беше што не можевме порано да се комплетираме, но таков е овој олимписки циклус. Поголем проблем беше што Митков дојде практично пред мечот со Романија. Се собираме по 2 месеци, периодот го искористивме за воигрување и воведување на некои нови работи.

Ни се случи и хендикеп, се повреди Темелков, а претходно поради повреда откажа и Мите Стоилов. Ќе бидеме ослабени, но имаме време да промениме некои работи и да анализираме што и како ќе одиграме во Шведска.

Ова е потежок ритам за играње и натпреварување, три меча за три дена без одмор. Напоменав дека имавме мал број тренинзи и подготовка. Играчите дојдоа како што се подготвени во нивните клубови. Се обидовме кај некои играчи да ја подигнеме силата, мораме да бидеме на приближно исто ниво.

Не го заборавајте на Бразил, со нив го играме третиот меч и можеби токму тогаш ќе мораме да бидеме најподготвени. Ќе нема тактизирање, математички ни се доволни две победи, но постои можност и да се направи круг на три репрезентации, па да пресудува гол разлика. Немаме можност за калкулации, најмногу затоа што на последниот меч играат Унгарија и Шведска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...