Новак Ѓоковиќ ќе нема шанса да ја брани титулата на Вимблдон, а исто така голема е веројатноста да биде симнат од тронот на АТП листата.
Доколку во финалниот натпревар Федерер, успее да извојува победа тој одново ќе се врати на позицијата светски рекет број.
Федерер во одлична игра за 2 часа и 20 минути успеа да го совлада Ѓоковиќ (3-1 во сетови) и сега мирно може да го чека својот противник за финалето. Во недела тој ќе има можност по седми пат да ја освои титулата во Лондон.