Червар: Металург има четири цели во новата сезона

Хрватскиот стратег Лино Червар кој го предводи македонскиот ракометен шампион Металург на денешната прес конференција ги најави четирите задачи кои клубот треба да ги исполни во новата сезона.

- За оваа сезона во клубот си поставивме четири цели кои ќе се обидеме да ги исполниме, а една од нив веќе ја постигнавме, а тоа беше да обезбедиме учество во Лигата на шампионите. Втората цел е повторување на успехот од ланската сезона кога влеговме во ТОП 16, третата наша цел е одбрана на шампионската титула во домашното првенство и четвртата цел е продолжување со квалитетната работа во младинскиот погон од кој во брзо време би произлегле неколку првотимци, изјави Червар.

Тој се осврна и на гостувањето во Франција кај Шамбери, в недела од 19 часот во рамките на 1.коло од Ц групата во Лигата на Шампионите.

- Франција е ракометна велесила и екипите што доаѓаат од оваа земја играат многу квалитетен ракомет. Шамбери ќе биде фаворит на дуелот со нас, но и ние не сме за „фрлање“, рече тренерот на Металург.

Червар изрази големо задоволство од ангажирањето на Ренато Вугринец на десната бековска позиција.

- Вугринец е играч кој играл во многу квалитетни клубови и секогаш давал добри партии. Тоа го може само ракометар кој е вистински професионалец и кој го сака ракометот, истакна Червар.

На прес - конференцијата беше присутен токму словенечкиот интернационалец во редовите на Металург, Ренато Вугринец кој во неговата куса изјава изрази задоволство од доаѓањето во Металург, клуб како што рече, предводен од квалитетен тренер. Вугринец ќе го носи дресот со број 7.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...