Ќе ГАЗИМЕ до крај!

Македонскиот првак годинава има старт во Лигата на шампионите каков што пред почетокот на натпреварите се "плашеше" и гласно да изговори. Двете импресивни партии и една средба добиена на "мускули" го доведоа до позиција да го ословуваат со "фаворит", "ловецот на Киелце" и тоа улога која веќе немаат право да ја игнорираат.

Металург има "три од три", но ова е само пола пат во годинешната сезона. Вистинското допрва доаѓа. Веќе в сабота, во Скопје, против Санкт Петербург македонскиот тим оди по четврта победа, а по тоа по паузата поради квалификациите за ЕП, одново на домашен терен ќе се сретне со Киелце. Пет (стартни) победи би било остварување на сон, но сега е веќе реално и да ги очекуваме.

Во Скопје полека почна да се чувствува ракометната еуфорија која ја "тресеше" Македонија годинава. Билетите навистина сe уште не се продаваат со ланската динамика, но не сме ниту далеку од повторување на минатосезонските слики.

"Многу е важно за нас што победивме во Данска. Посебно по едно 'такво' прво полувреме. И тие одиграа одлично, но успеавме да се вратиме во игра и да победиме. Многу е важно што и на натпревар на кој не одигравме најдобро успеавме да победиме. И тоа на гостински терен против директен ривал. Сега сме на чекор до Топ 16 и тоа е шанса која не смееме да ја пропуштиме. Ни доаѓаат Санкт Петербург и Киелце во Скопје на следните два меча. Очекувам салата да биде преполна и да ја добиеме потребната поддршка. Јасно дека очекувам победа. Ќе газиме до крај! Оваа сезона мораме да ја крунисаме со резултат", изјави Наумче Мојсоски.

Пред мечот со Санкт Петербург, Металург утре во "Автокоманда" ќе одигра и натпревар од СЕХА лигата на домашен терен со тимот на Ловќен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...