Червар побара да се намали еуфоријата

По трите победи во Лигата на шампионите и по таков старт, би било добро да се спушти топката малку на земјата. Тоа секако треба да го направи тренерот. Серијата на успешни резултати може да продолжи и в сабота само доколку ги повториме борбените игри, ако останеме приземјени и покрај многуте пофалби за успешниот старт, истакна тренерот на македонскиот првак Лино Червар на денешната прес - конференција, два дена пред натпреварот од Лигата на шампионите со Санкт Петерсбург.

Тој анализирајќи ја играта на Санкт Петерсбург потенцира дека најпрво ќе треба да се спречат противничките бекови, односно надворешна линија на руската екипа, а потоа да се обрне внимание на играта во нападот и да не му се дозволат контри и полуконтри на противникот за кој Червар рече дека го почитува и дека е многу квалитетен.

Червар додаде дека на саботниот натпревар и покрај стопроцентниот ефект на неговата екипа, нема да има фаворит и дека само со дисциплинирана игра Металург ќе може да дојде до успехот.

- Рускиот тим има пет нови играчи во однос на составот со кој лани настапи во ЛШ. Имаат квалитетни играчи, а тоа го покажаа на натпреварот против Шамбери кога во 3.коло ја остварија првата победа во групата и затоа на овој дуел нема да има фаворити.

За капитенот Ванчо Димовски оваа сезона во ЛШ карактеристично е тоа што секој може да победи секого, а верува дека заедно со помошта од публиката, Металург може да дојдеме до четвртата победа во групната фаза од Лигата на шампионите.

Во составот на македонскиот шампион за натпреварот со рускиот тим нема да биде Велко Марковски поради скршеница на носот, а неизвесен е и голманот Петар Ангелов и доколку тој не настапи на негово место ќе биде третиот голман, Никола Марковски.

Натпреварот Металург - Санкт Петерсбург ќе се одигра в сабота со почеток од 18 часот во Спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...