Без летање во облаци

Металург се подготвува за затворање на првиот дел од најуспешната сезона која кога и да е ја одиграл на европската сцена. Македонскиот тим има три победи од три меча во групата на Лигата на шампионите, запиша вкупно 5 победи од 5 меча од почетокот на сезоната, а дома има одиграно само 1 натпревар.

В сабота македонската публика ќе има можност по вторпат да го гледа во живо државниот првак на дуел од Лигата на шампионите. Гостин е Санкт Петербург, екипа со која Металург, посебно кога е прашање домашниот терен, го врзуваат убави спомени.

По минатосезонските 32:19, кои воедно значеа и дефинитивно пласман во Топ 16 годинава, треба уште еднаш преку рускиот тим Металург да обезбеди место меѓу најдобрите во Лигата.

Металург одигра два "совршени" натпревари, но и еден на кој не беше се наштимано како то треба. Токму тоа и го плаши тренерот на тимот кој вчера јавно побара "топката да биде спуштена".

"Пристапот на натпреварот во Данска не беше вистинскиот и тоа не чинеше многу технички грешки на почетокот на натпреварот кои тие ги претворија во контранапади и лесни голови", изјави Лино Червар. "По три победи во ЛШ, потребно е топката да биде спуштена на земја. Според мене, тоа е најдобрата терапија за да не летнеме во облаци. Само со скромност, со пожртвуваност и борба можеме да ја продолжиме нашата серија. Годи кога си најголемото пријатно изненадување во Лигата, кога се добиваат пофалби и комплименти, но доколку сме паметни треба да продолжиме во ист стил и на следните натпревари. Натпреварите од другите групи покажуваат дека нема фаворити, дека на секој меч мора да се даде максимумот. Еден мал 'кикс', погрешен пристап и казната може да дојде", изјави Червар.

Санкт Петербург е екипа која минатата сезона во последен момент беше спасена од банкрот и откажување од ЛШ сред сезона. Тогаш градоначалникот на Ст. Петербург ги спаси, но годинава тие, барем што се однесува до ЛШ, се преселени во Чехов.

Имаат неколку измени во тимот, од побитните Червар изброја пет. Ослабени се на позицијата крило, од каде замина нивниот најдобар играч Алексеј Шиндин. Но, сега нивната бековска линија е поинаква, а играч од кого очекува најмногу проблеми е десниот бек Алексеј Григорјев. И тој не е непознат за Металург, беше во тимот на БГК Мешков пред две сезони кога овие ги одмеруваа силите во Купот на ЕХФ. Во Брест го немаше во листата на стрелци, во Скопје тогаш постигна 5 гола.

Григорјев, кој е десен бек, формира трио заедно со Елдар Насиров и Анатолиј Чезлов. Тоа е линијата која треба да биде "разбиена" за да не можат Русите да функционираат како што сакаат.

Севкупно, Металург е фаворит на овој натпревар и доколку го има вистинскиот пристап кон натпреварот не би требало да има проблеми да стигне до нова победа, а на навивачите да им приреди уште час и пол ракометно уживање.

Се очекува салата да биде полна и тимот да го почувствува амбиентот од претходната сезона кога во финишот владееше вистинска еуфорија. Сега се уште не е дојден тој степен, билети се уште има во продажба, иако нивниот број не е голем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...