Започнува 10-то ЕП во ракомет за жени

Во Србија денес започнува 10-то Европско првенство за ракометарки на кое настапува и Македонија, која своите натпревари ќе ги игра во групата во Ниш во која се и селекциите на Франција, Шведска и Данска.

Ракометарките го продолжуваат континуитетот на учество на големите ракометни настани и оваа година по петти пат ќе бидат дел од Европската елита. На последното ЕП во 2008-та година Македонија го освои 7-то место.

Ракометната селекција се наоѓа во тешка група со ракометарките на Франција, Данска и Шведска. Македонија својата шанса ќе ја бара со евентуално изненадување против Франција со која што играме уште денеска од 18:15 часот или пак против Данска и Шведска, кои имаат смена на генерации во своите репрезентации.

И овој пат се очекува голем број македонски фанови да отпатуваат во Ниш и да ја бодрат репрезентацијата на Македонија, како што беше во јануари оваа година кога играше машката селекција.

Распоред на натпревари:

17:45 Украина - Чешка

18:05 Црна Гора - Исланд

18:15 Македонија - Франција

18:15 Германија - Шпанија

20:15 Хрватска Унгарија

20:15 Норвешка-Србија

20:15 Романија- Русија

20:15 Шведска-Данска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...