Македонија денес против Шведска

На женското Европско првенство во ракомет што се одржува во Србија, македонската репрезентација денеска го игра натпреварот од 2.коло против Шведска. Почетокот на овој дуел е во 18 часот и 15 минути.

Шведската репрезентација во 1.коло ја совлада Данска, а Македонија беше поразена од Франција.

Селекторот Гино Стрезовски и ракометарките уште пред почетокот на шампионатот најавија дека шанса за позитивен резултат се токму скандинавските селекции.

Во вториот натпревар од групата Б играат Франција - Данска.

Табела: Франција 2 бода, Шведска 2, Данска 0, Македонија 0.

Денеска се играат натпревари и во групата А во Белград, а двојките се: Србија – Украина (почеток 18:15) и Чешка – Норвешка (20:15).

Табела: Чешка 2, Норвешка 2, Србија 0, Украина 0.

Во групите Ц и Д денеска е слободен ден, а таму вчера беа одиграни дуелите од 2.коло по кое Шпанија и Црна Гора веќе обезбедија пласман во следната фаза.

Резултати и табели во групите Ц и Д:

Ц група (Нови Сад): Шпанија – Хрватска 25:21 и Унгарија – Германија 24:21.

Табела: Шпанија 4 бодови, Унгарија 2, Хрватска 2, Германија 0.

Д група (Вршац): Русија – Црна Гора 27:30 и Исланд – Романија 19:22.

Табела: Црна Гора 4, Романија 3, Русија 1, Исланд 0.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...