Уште едно празно место за полуфиналето на ЕП во Србија

По одигрувањето на синоќешните натпревари во групите остана уште едно празно место за пласман во полуфиналето на Европското првенство што се игра во Србија. Најблиску до оваа позиција е Србија која има бод повеќе од Франција и од Данска и во последното коло во групата доволно и е да одигра нерешено.

Пласман во борбата за медалите обезбедија ракометарките на Норвешка (група 1), Црна Гора и Унгарија (група 2).

Европскиот првак Норвешка ја совлада Шведска за влез во „четворката“, додека во групата 2 Црна Гора и покрај поразот од Германија избори борба за медали, а на Унгарија покрај триумфот над Романија и одговараа и другите резултати.

Резултати Група 1 (Белград): Франција - Чешка 24:22, Норвешка - Шведска 28:25 и Србија - Данска 29:26.

Табела: Норвешка 8 бодови, Србија 5, Франција 4, Данска 4, Шведска 3, Чешка 0.

Резултати Група 2 (Нови Сад): Шпанија - Русија 25:25, Германија - Црна Гора 27:20 и Унгарија - Романија 25:19.

Табела: Црна Гора 6, Унгарија 6, Романија 3, Шпанија 3, Русија 3, Германија 3.

Денеска на Европското првенство е слободен ден, а утре се играат натпреварите од последното коло од главната групна фаза.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...