Последно коло од групната фаза на Европското првенство за ракометарки

На Европското првенство за ракометарки кое се одржува во Србија, вечерва се играат натпреварите од последното коло по групи. Останува борбата за едно од четирите места во полуфиналето.

Во конкуренција за празното место во групата 1, се селекциите на: домаќинот Србија, светскиот вицепрвак Франција и Данска трикратен европски шампион. Најблиску до остварување на целта е Србија која има бод повеќе од Франција и од Данска.

Пласман во полуфиналето веќе имаат обезбедено: европскиот шампион Норвешка (група 1), Црна Гора и Унгарија (група 2).

Преглед на натпреварите од 3.коло од главната фаза:

Група 1 (Белград): Чешка - Шведска, Србија - Франција и Норвешка - Данска.

Табела: Норвешка 8 бодови, Србија 5, Данска 4, Франција 4, Шведска 3, Чешка 0.

Група 2 (Нови Сад): Шпанија - Црна Гора, Германија - Романија и Унгарија - Русија.

Табела: Унгарија 6, Црна Гора 6, Германија 3, Шпанија 3, Русија 3, Романија 3.

Двете првопласирани репрезентации од групите ќе вкрстат во полуфиналето, кое на програмата е в сабота, додека третопласираните селекции од групите ќе играат во борба за 5.то место.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...