Томашевиќ е новиот српски херој

Катарина Томашевиќ одбрани контранапад на Тервел во последната минута при резултат 18:17 и ја угаси последната надеж на "триколорките" за полуфинале. Минута претходно Боудин имаше пенал за израмнување, ја лобуваше Томашевиќ, топката од гредата се одби веројатно зад гол линијата и излезе надвор, судиите тој удар не го признаа за гол и Србија доби напад.

Србија е во полуфинале и таму ќе се сретне со репрезентацијата на Ц. Гора! Франција е поразена, Данска елиминирана...

Голманот Томашевиќ е херојот на Србија. Во стилот на Дарко Станиќ го затвори голот посебно во првиот дел и го доведе до очај нападот на Французинките.

Србија ваквото шоу на својот голман го претворија во убедливо водство од 8:4, 10:6... Франција успеа да постигна само 4 гола за цели 25 минути игра и тоа доволно говори какво полувреме се играше во белградската арена која за првпат на првенството беше задоволително исполнета, (над 10.000 гледачи).

На почетокот на вториот дел Франција почна да игра. Набрзина го анулираа водството, се разигра Пино, почнаа погодуваат, но не успеаја да го задржат ритамот до крај. Стигнаа до 11:11, поведоа, имаа и подоцна во неколку наврати водство, но и грешеа премногу.

Србија на другата страна бодрена од публиката собра сили и го издржа налетот, а по тоа се влезе во игра гол за гол, игра во која секоја загубена топка, гол или интервенција можеше да пресече.

Франција имаше водство од 17:16, на седум минути до крајот, но Рајовиќ и Огњеновиќ постигнаа голови додека Лакрабере и Менди направија технички грешки во напад.

Следеше одбранет удар на Томашевиќ од Дембеле, кој беше од чиста позиција, по тоа следеше пеналот и на крај за печат на извонредната партија одбранетиот зицер од Тервел.

Во полуфиналето Србија ќе се сретне со Ц. Гора, што секако ќе биде меч по мерка на сите посебно балканските ракометни фанови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...