Започнува 23.то Светско првенство во ракомет

Шпанија за првпат ќе биде домаќин на едно Светско првенство во ракомет. Оваа земја досега била организатор на светски спортски собири во фудбал, кошарка, атлетика, а еве за првпат и во ракомет. Мундијалот започнува денеска со натпреварот Шпанија - Алжир (19 часот) и ќе трае до 27 јануари за кога е закажано големото финале.

На ова натпреварување ќе настапат 24 репрезентации од петте конфедерации членки на ИХФ (Светската ракометна федерација). Покрај Шпанија како домаќин директно учество избори и Франција како светски првак.

На шампионатот пласман обезбедија трите првопласирани репрезентации од континетите: Африка (Тунис, Алжир, Египет); Европа (Данска, Србија, Хрватска); Азија (Јужна Кореја, Катар, Саудиска Арабија); Јужна , Средна и Северна Америка (Аргентина, Бразил, Чиле), како и од Океанија (Австралија).

Пласман изборија и уште 9 репрезентации од Европа, кои играа бараж дуели. На таков начин и Македонија се пласира на шампионатот.

Ова ќе биде трето учество на Македонија на Светските првенства откако претходно настапи 1999 година во Египет - 18.место и 2009 во Хрватска - 11.место.

Најмногу настапи на Светските првенства имаат ракометарите на Германија. За нив ова ќе биде 21.учество, додека Шведска по вторпат не успева да се пласира на ракометниот Мундијал, инаку и тие имаат 21 настап.

Токму Шведска на најуспешната селекција со 11 медали (4 златни- 3 сребрени - 4 бронзени), пред Франција со 8 (4-1-3), додека Романија која истотака нема да настапи има 6 (4-0-2). Вкупно 14 репрезентации имаат освоено медали.

Натпреварите ќе се одиграат во 6 градови во Шпанија. Барселона ќе биде домаќин на натпреварите од А групата, на осминафиналето, четвртфиналето, полуфиналето и натпреварите за пласман (финале + 3.место). Во Сарагоса ќе се играат натпреварите од Ц групата, осминафиналето и четвртфиналето. Севиља е домаќин на групата Б, каде ќе игра Македонија, додека Мадрид е домаќин на групата Д. Во Гранољерс ќе се играат првите четири кола од А групата. Гвадалахара ќе биде организатор на „Президент купот“ каде ќе се играат натпреварите за пласман од 17 до 24.место.

Најголема е салата во Барселона - „Палау Сант Жорди“ (капацитет - 16.500). Македонија натпреварите во Севиља ќе ги игра во „Паласио Мунисипал де Депортес Сан Пабло“ со капацитет од 9.500 седишта.

На шампионатот меѓу 16.те судиски двојки се наоѓа и македонската Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров е најдобар стрелец во историјата на Светските првенства со 92 гола постигнати на шампионатот во Хрватска 2009 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...