Македонија многу блиску до осминафинале

Македонската ракометна репрезентација со 34:30  го победи Катар и со голема веројатност ќе се најде во осминафиналната фаза на Светското ракометно првенство кое се одржува во Шпанија.

Ова беше втора победа за Македонија во првите две кола од Мундијалот.

По победата над Чиле изборена со многу мака, во првото полувреме избраниците на селекторот Звонко Шундовски се прикажаа во сосема ново издание. Реализацијата беше извонредна, контрите функционираа беспрекорно, а предуслов за таквата игра беше цврстата одбрана карактеристична за македонските ракометари.

Уште од самиот почеток и водството од 3:0, Кирил Лазаров и неговите соиграчи како да сакаа да докажат дека слабата игра на вчерашната средба со Чиле е заборавена, а 21 постигнат гол во првиот дел е доказ за сериозноста и максималната ангажираност на овој меч. Првите 30 минути завршија со резултат 21:13, а Македонија во одредени моменти имаше и плус 11.

Првите десетина минути од второто полувреме поминаа во игра гол за гол. Во 45. минута Катар се приближи на 26:21 по серијата од 3:0, по што следуваше тајм-аут од Шундовски. Но и тоа не помогна нашите ракометари да се вратат во ритамот од првото полувреме. Катар во 50. минута намали на 28:26 и македонскиот селектор беше принуден да го земе и вториот тајм-аут во период од само пет минути. Следуваа реализации од Стоилов, Кирил Лазаров, а на голот свои минути имаше Борко Ристовски за пет позитива во 26. минута, разлика доволна за конечна победа.

Кирил Лазаров со девет голови беше најефикасен во нашиот состав, а на голот 11 одбрани забележа Борко Ристовски.

Денес македонските ракометари имаат слободен ден, а натпреварите ги продолжуваат во вторник против селекцијата на Исланд.

На првиот денешен дуел од Б групата Исланд го победи Чиле со 38:22.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...