Шундовски: Одбраната е одлична, но се уште се мачиме во нападот

Селекторт на македонската ракометна репрезентација Звонко Шундовски, има причина да биде горд на ракометарите поради покажаниот карактер во дуелот против Русија.

„Што да се каже по една ваква средба, прекрасна за гледање, а многу тешка за играње. Знаевме дека Русија е силна селекција, дека мораме да дадеме 100% за да дојдеме до позитивен резултат. Игравме многу добро, она што е најважно е дека уште еднаш демонстриравме фантастичен карактер и не дозволивме да паднеме во резултатска криза. Се уште ги имаме оние мали проблеми во нападот, но задоволен сум од она што денес повторно го одигравме во одбраната и покажавме нов момент во нашата игра - трансформацијата од одбрана во напад. Во текот на целиот меч бевме во негатива, но мислам дека ако не промашевме некои шутеви можевме да направиме и нешто повеќе. Не можм да не бидам задоволен и од резултатот. Идејата во последниот напад беше да се заврши или преку пикер или крило, Кире реши тоа додавање да оди до Георгиевски и многу ми е мило што токму тој го постигнаа израмнувачкиот гол”, изјави Шундовски.

Задоволство од големото враќање изрази и Наумче Мојсовски.

“Она што радува од овој меч се нашите намалени технички. Секоја почит кон Русите, но ова ни беше четврти натпревар, чувствувавме дека мораме да одиграме на своето ниво, со промената на тактиката, со добра трансформација од одбрана во напад, постигнавме лесно голови. Се обидовме да ја рашириме играта, но самата тактика на Русите беше да не набијат во средина.Во овој натпревар се движевме повеќе без топка, не ја чекавме во место и отворивме поголем простор. Знам дека можам многу повеќе и се надевам дека се уште го немаме кажано последниот збор на Мундијалот”, вели Мојсовски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...