СЕХА во центар на внимание

Во периодот меѓу настапите на репрезентацијата и на Металург во Лигата на шампионите, регионалниот СЕХА шампионат ќе ги држи под тензија ракометните фанови.

Светлата на рефлекторите во текот на целиот април ќе бидат насочени кон ракометот. Малку стивнаа возбудувањата од дуелите на Металург со Динамо Минск и на репрезентацијата на натпреварите со Шпанија, но сега СЕХА лигата влегува во центарот на вниманието.

Следната недела одново на сцена се враќа Металург во својот прв обид да стигне до „Ф4“ на Лигата на шампионите.

Годинава регионалниот шампионат завршницата ќе има има во Скопје. Викендов, поточно в петок ќе се игра полуфиналето на турнирот, в недела ќе биде доделен шампионскиот пехар за втората сезона. Сезона која е далеку поуспешна во многу погледи од претходната, но која стои само како најава за тоа што допрва ќе следува. Сезона „3“ во која регионалниот шампионат ќе има моќен спонзор и, веројатно, поинаку ќе изгледа и организациски и според списокот на учесници.

Годинава, сепак, треба да се одработи, а ракометните фанови, кои полека почнаа да се навикнуваат да купуваат билети, веќе се во потрага по билет. Нивните цени се 100 и 200 денари, а можат да се купат салоните на „One“ и „Офис плус“, дистрибутер е „МКТикетс“

Загреб си поигра со реномето на шампионатот со последните резултати, а откако се подвлече линијата, во полуфиналето на турнирот силите ќе ги одмеруваат двата главни фаворити и лански финалисти, Металург и Вардар. Во другото полуфинале ќе се сретнат екипите на Кроација Осигурање Загреб и дебитантот во ова натпреварување, БГК Мешков од Белорусија.

Така само еден македонски тим в недела ќе се појави на финалето на турнирот. На хартија Металург е фаворит според резултатите остварени годинава, а од друга страна посветеноста кон овој шампионат ги става „вардарци“ во пол позиција. Посебно, затоа што Металург веќе следната недела ќе го игра најголемиот натпревар во историјата на клубот, а по повредите на Миркуловски и Маркоски прашање е колку ќе биде расположен Лино Червар да ги фрли во оган своите најдобри играчи на два тешки натпревари и да ризикува евентуално нова повреда во шампионат кој барем засега се игра само за престиж.

Завршниот турнир ќе го организира Вардар Про, овој пат одвоено од РФМ. Шанса за „црвено-црните“ по тоа што го гледавме како дело на Металург (ЛШ) и РФМ (Мкд-Шпа) да ги покажат своите организациски способности, по тоа ќе направиме споредба и во тој поглед.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...