Следи „мечот на сите мечеви“

Металург стана првиот македонски клуб кој направи резултат за ценење во најсилната конкуренција, Лигата на шампионите. Пласман меѓу осумте најдобри на Стариот континент би ги задоволило апетитите и на клубови кои се многу посилни, побогати и со поголема традиција на играње во елитата.

Не е Металург Кил или Барселона, па да ги брои овие натпревари како „уште три меча до финале“. Токму таа традиција, сплетот на околности или, ако ги слушате душегрижниците, среќа во ждрепката, создава чувството дека ова е шанса „сега и којзнае кога пак“. Ова е за Металург и за македонскиот машки клупски ракомет - меч на сите мечеви.

Ова е шанса да се игра на фајнал фор турнир, нешто што досега им пошло од рака на само 8 (мега)тимови, и тоа по еден од Русија (Ч. Медведи) и Данска (Копенхаген) и сите други се Шпанија и Германија (Атлетико и Барселона односно Хамбург, Берлин, Кил и Рајн Некар). Покана за членство во вакво друштво, значи дека овде „некој“ знае што работи.

Бундеслигашот Рајн Некар во времето кога го имаше моќниот спонзор Каси Нилсен (АГ Копенхаген) е единствениот тим кој стигнал до фајнал фор, а сезоната ја почнал од квалификации (валјд карта). Металург, пак, е единствениот кој може да го повтори тој подвиг.

Киелце, иако со буџет е екипа која би била високо котирана и во Германија (7,5 милиони евра или најмалку 4 пати повеќе пари од Металург), сепак не е звучно име, тоа е клуб преку кој Металург може да напише историја.

Малку преоптимистички затоа што годинава играа двапати и двапати победи Киелце. Пресуди Чупиќ, пресуди среќа, лоша проценка во клучен момент... Останува запаметено дека Металург ќе можеше во Скопје до победа само ако дел од играчите имаа малку подобар ден или Чупиќ и Шмал малку полош. Останува запаметено дека Металург во Киелце водеше и со шест гола разлика во второто полувреме и практично им подари победа на Полјаците во финишот на мечот.

„Нема да биде како на првиот меч. Сигурно нема да биде така“, вели Наумче Мојсоски.

„Тогаш некако многу работи ни се насобраа. Јас бев отсутен поради повреда повеќе од еден месец, практично со ’два’ тренинга излегов на дуел со нив. Не им ја знаевме силата, мислевме дека полесно ќе излеземе на крај со нив. Ни се провлекоа некако, на двата натпревари. Сега е друго, сега знаеме со кого си имаме работа, знаеме што треба да работиме, како треба да играме, каков пристап треба да играме. Ова е натпревар за историја, не само за историја на Металург туку за историја на целиот машки клупски ракомет во Македонија. Се надевам дека в недела ќе ја израдуваме целата македонска јавност“, изјави Мојсоски. Централниот бек на Металург во меѓувреме очекуваме да го официјализира новиот четиригодишен договор со тимот од „Автокоманда“.

Вистинска штета за Металург е што нема да може да смета на Дејан Манасков на овие натпревари. Давид Коражија почна добро, но во продолжението, иако сосема коректно игра во одбрана, почна да се „губи“ на теренот кога екипата е во напад. Во таква ситуација Стевче Алушевски можеби ќе добие шанса кариерата да ја заврши со поголем придонес за најголемиот клупски успех. Ракометната „легенда“ физички работи барабар и со далеку помладите колеги, трпеливо ја чека својата шанса, а тоа обичниот гледач знае да го препознае. Впрочем, редовно добива овации од публиката, практично при секое влегување во игра.

И противникот има на што да се пожали. Го немаше Чупиќ цели 3 месеци, Шмал беше надвор од форма, Лијевски, Зорман доскоро беа на листа на повредени, пред нив Штрлек, па проблемите на Денис Бунтиќ... Успеаја да се прегрупираат и сега се комплетни. Јасно, што важи за Металург важи и во обратен правец, ваков меч се игра и со една нога.

Тоа знаеја да го препознаат и навивачите на двата клуба. Киелце своите билети ги продаде за 1 минута. Добро, од 4.200 најголем дел (околу 3.000) се претплатни, но, сепак, рекордот е поставен.

На Металурговите фанови им требаше малку повеќе време. Неофицијално над 4000 билети беа пуштени во слободна продажба и се продадоа за 20-тина минути. Двете публики се слични. И Полјаците се бучни и вршат притисок, иако македонската е уникатна во Европа, па дури и кога на трибините има мал број „фудбалски“ навивачи противниците се чувствуваат непријатно.

Поради концертот на Балашевиќ, кој е закажан в петок, Металург место вообичаено в сабота, дуелот со Киелце ќе го игра в недела.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...