Киелце нема да се прослави во Скопје

Секој подобар тим во Европа има специјалец во својата одбрана. Во најдобрата дефанзивна зона на ЛШ има двајца - Аце Јоновски и Велко Маркоски

До „мечот на сите мечеви“ остануваат уште три дена. Синоќа Металург ја имаше последната натпреварувачка проверка во ликот на Тинекс Пролет со кого се сретна во рамките на второто коло од плеј-оф лигата во Македонија.

Првенствените натпревари, со исклучок на тој со Вардар, на кој ќе се решава новиот шампион на Македонија, не привлекуваат внимание повеќе од тоа што се мора, на сите во мислите полека им се вовлекува недела и претстојниот дуел со Виве Киелце, меч кој може да остане запаметен со генерации.

На двата претходни со истиот тим видовме жестока битка од актерите на двата тима. Полјаците составија тим со многу Хрвати и првенствена цел да ја доведат балканската борбеност во своите редови. И тоа им дава резултати. Жељко Муса, ракометар за кого во Македонија освен позагреаните фанови веројатно не чул никој, игра една од клучните улоги во тимот. Заедно со Пјотр Грабарчук. Да, тоа не се играчи од калибарот на Лијевски, Чупиќ, Бунтиќ... тоа не се ракометари кои даваат голови, но нивната улога е важна, можеби и поважна од нивните пославни соиграчи, тоа се ракометарите кои спречуваат да се примаат голови.

Неблагодарна во целост е улогата на дефанзивците во тимот. Секоја подобра екипа има свои „специјалци“ кон кои многу ретко оди светлото на рефлекторот, тие не се атрактивни, но се неопходни, ракометарки кои не се идоли на децата како напаѓачите или ја креваат публиката на нозе како голманите. Тоа се вистинските работници во клубот, специјалци чија улога е да воспостават рамнотежа на теренот во однос на противникот, момци на кои никој не се осмелува да им крене прст како закана затоа што на паркетот тие не се играчите кои ги тепаат туку тие се тие кои тепаат и од кои се плашат голгетерите.

А одбраната е таа која го добива натпреварот, а нападот е тој кој го губи - ова е мотото на Лино Червар од првиот момент кога дојде во Металург и за три години успеа да го претвори во екипа која (веќе втора сезона) прима најмалку голови во ЛШ.

Просекот од нешто над дваесет гола по натпревар не е дело само на Дарко Станиќ.. има два бескомпромисни дефанзивци во тимот кои го врзуваат ѕидот пред неговиот гол и се предмет на анализа на сите тренери кои подготвуваат противигра за Металург.

Аце Јоновски и Велко Маркоски се „газдите“ во одбраната на Металург. Би го додале по дифолт и Мите Стоилов, но тој е повреден и надвор од строј. Тоа се двата специјалци, полицајци, тепачи, „кољачи“ како и да сакате кажете ги, но тоа се двајца без кои не се може. Во Металург, навистина, секоја мора да знае да игра одбрана, но потесна специјалност и стабилност е споменатото дуо.

„На првиот натпревар со Киелце влеговме со преголема доза респект. Не знаевме што точно нè чека на теренот, потфрливме малку и по тоа, не знам ни се провлекоа. На вториот меч одигравме подобро, можевме да ги добиеме, но повторно почнавме да грешиме и се случи тоа што се случи. Добро, извлековме поука. Сега имаме многу поголема самодоверба, немаме што да загубиме, знаеме што можеме да добиеме. Сега сме поинаков тим, ментално сме поинакво подготвени, мотивирани сме со самото тоа што сме во ваква ситуација. Нè чека голема битка, но никој не само што не се плаши од неа туку со нетрпение ја чекаме. Најважно е да сме сите здрави. Имаме повреди низ тимот, но тоа е дел од ракометот. Ако некого не го боли нешто - значи дека нешто не е в ред. Киелце е силен тим, го респектираме... но... и ние сме многу силни. На дуел со нив одиме со една цел - да ги победиме. Нема да гледаме во семафорот, наша цел е да играме добро, најдобро што знаеме цел натпревар. Салата ќе биде полна, ни треба таа поддршка, сакаме амбиент кој ќе нè понесе. Нека бидат најгласни што можат, ќе возвратиме на терен“, изјави Аце Јоновски.

Веројатно најдобриот партнер досега во дефанзивната формацијата за Јоновски е вообичаено тивкиот Велко Маркоски. Голема вознемиреност внесе неговата повреда на првиот натпревар со Шпанија во Скопје.

„Од денеска почнувам со максимални тренинзи. Имам болки, но ќе бидам подготвен за игра“, вели Маркоски. „Киелце е силен тим, но имаме шанси да излеземе на крај со нив. Имаат добри бекови, но се тргнува од Урош Зорман. Мислам дека ако успееме да го неутрализираме, ќе завршиме голема работа. Нема да биде лесно, но извлековме поука од претходните два натпревари со нив и нема да ги повториме истите грешки“, вели Маркоски.

Овде би додале уште дека и Аце и Велко долго време ја чекаат својата шанса и во напад. Јоноски има разорен шут, Маркоски е играч кој не троши топки, па веруваме дека во даден момент ќе имаме можност да ги видиме и во поинаква улога, како напаѓаат кон голот на Шмал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...