Червар знае како до успешен резултат против Киелце

Тренерот на македонскиот ракометен шампион Лино Червар верува дека со исполнување на три клучни елементи Металург може до успешен резултат против Киелце.

- Киелце е уверен дека ќе не победи, а за да им ги расипеме сметките ќе треба да исполниме три услови. Не смееме да се надигруваме и во одбрана треба да играме многу храбро, во нападот треба да бидеме трпеливи, без технички грешки, како и да играме на малку голови, изјави тренерот на Металург.

Лино Червар верува дека Металург може да напрваи историски успех и покрај двата пораза во групата од полскиот претставник.

- Киелце не победи два пати во групата, но тогаш одигравме два рамноправни натпревари и заради тоа може да се надеваме дека можеме да се пласираме на „Фајнл фор“ во Келн. Задоволството во спортот е тоа дека не победува секогаш фаворитот, а во овој случај тие се фаворити. Килеце е екипа која има на секоја позиција по двајца квалитетни ракометари.

Натпреварот од четвртфиналната фаза од Лигата на шампионите, Металург - Киелце се игра в недела од 17 часот во СЦ „Борис Трајковски“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...