Во секој од нас треба да чукаат две срца

Ако деновиве се обидете телефонски да исконтактирате кого било од потесната управа на Металург, најверојатен епилог е дека вашиот повик ќе биде пренасочен кон „секретарката“.

Причината е позната, се бара билет за неделниот дуел со Киелце, а нив ги нема. Одамна веќе никој не споменува гратис - се бара билет кој ќе се плати по регуларната цена (веруваме дека и двојно повисока не би била „проблем“).

Проблемот е што целата ситуација со билетите веќе излегува од контрола... сериозно излегува од контрола. Металург од една, а македонската публика од друга страна, било тоа да се јавни личности или обични љубители не се има најдено во ваква ситуација. Билети ни за пари ни беспари - нема!

Но, и натаму преовладува мислењето, односно има надеж дека - ете, има некоја „скриена карта“ до која може да се дојде доколку имаш пријател, некој од управата, играчите, луѓето блиски до клубот. Епилогот на ваквите обиди, рековме, повик кој ќе заврши во „инбокс“.

Ваква слична ситуација имаше пред десетина години кога Кометал ги играше историските натпревари во женскиот ракомет. Разлика, сепак, има. Кометал иако беше европски првак и имаше плус уште две финалиња на ЛШ, никогаш не бил организиран на ниво на кое е Металург. Играа во „Кале“ со капацитет за нешто повеќе од 2000 гледачи, пола билети беа за навивачи, другата половина од 800-1000 билети беа дел за ложа, дел пријатели и само мал дел одеа во продажба.

Металург вчера ја одржа вообичаената прес-конференција на која беше промовиран „мечот на сите мечеви“ - неделниот дуел со Киелце.

„Ќе треба да имаме две срца. Ако само едно чука во градите - нема да ги минеме“, изјави Лино Червар. „ Двапати досега игравме, тоа беа две рамноправни средби иако двапати бевме поразени. Тие средби ги загубивме со кренати глави, не се посрамотивме, не нè надиграа. Токму поради тоа надежта е голема, кога можевме да играме рамноправно пред неколку месеци, сега да направиме уште еден чекор напред и да ги победиме.

Рецептот за Киелце е подготвен. Се состои од три дела:

„ Кога сè ќе се подреди, остануваат три точки кои ќе одлучуваат околу победникот. Првата е: Не смееме да се надигруваме со нив. Тие имаат по двајца врвни играчи на секоја позиција. Сакате да ги споменеме Чупиќ и Олафсон, Бунтиќ и Лијевски, Биелцки и Јурецки... Ние мораме да го наметнеме оној стил на игра што нам ни одговара. Бавна игра со малку голови.Мораме да играме одбрана, сите недостатоци во играта можат да се надополнат со цврста одбрана. Сепак, за цврста одбрана против Кјелце потребно е сите да одиграат со по две срца, едно срце нема да биде доволно.

Втора точка е трпелив напад. Кој не сака да даде гол? Па моите играчи да можат со топка ќе влетаат во голот. Но, треба да имаме ладни глави. Ние и таму им водевме шест разлика пред да се опуштиме и да играме еуфорично. Кој не сака фајнал фор? За овие играчи тоа ќе биде круна на кариерата. Но мораме да знаеме што сакаме на терен. Не треба нападите да ни траат кратко бидејќи следат две ракети, Штрлек и Чупиќ, а Киелце одлично игра контра и полуконтра. Нема да играме пасивно, туку агресивно, но треба да настојуваме да го измориме противникот“, изјави Червар.

„Третата точка е бројот на голови. Мора да ги има што помалку. Ако резултатот е висок, без разлика на односот на голови - тоа ќе значи дека ние не сме успеале да воспоставиме или одржиме контрола. Ова треба да биде меч со што помалку голови. Па тие на домашен терен за 25 минути од игра имаа постигнато само 3 гола! До кислород дојдоа кога ние станавме еуфорични. Сега ќе треба да ги држиме под контрола цел натпревар“, изјави Червар.

Натпреварот ќе се игра в недела, со почеток во 17:00 часот. Судиите се од Израел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...