Обрван очекува поволен резултат на дуелот со Швајцарија

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван и покрај проблемите со повредени играчи очекува позитивен резултат на гостувањето во Швајцарија.

- По исцрпувачката сезона овие подготовки беа добредојдени. Работевме на тактика и да ја освежиме екипата. Потребно е да направиме поволен резултат со Швајцарија, а Португалија сега за сега не не интересира, изјави Обрван на денешната прес-конференција.

Според него состојбата со повредените играчи е подобра. Филип Миркуловски изминативе денови работел иако е присутна болката уште од дуелот со Шпанија. Наумче Мојсовски последните 3-4 дена максимално тренира, но се чуствува паузата од трите недели без тренинг и тој ќе биде искористен онолку колку што ќе може да помогне. Голманот Борко Ристовски од вчера е со репрезентацијата, но тој изминативе денови мина долг пат, откако мораше во саботата да настапи за својата екипа Гумерсбах во последното коло од Бундес лигата.

Комплименти за играта на швајцарскиот национален состав искажа и капитенот Кирил Лазаров.

- Швајцарија е поквалитетен состав од Португалија и не очекува тешка работа за да дојдеме до победа. Но, ние не заостануваме зад нив, туку сме подобри и тимски и поединечно. Мораме да влеземе максимално концентрирани за да стигнеме до победа. Според најаваите во Цирих ќе има и околу 700-800 наши навивачи, што треба да биде мотив повеќе за нас, а воедно очекувам и победа на Шпанија против Португалија, истакна капитенот Кирил Лазаров.

Македонија в среда во Цирих го игра еден од клучните дуели за пласман на Европското првенство во Данска. Нашите ракометари за да обезбедат учество на ЕП треба да ја победат Швајцарија и потоа во недела Португалија во Скопје, а во меѓувреме Португалија дома да изгуби од светскиот првак Шпанија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...