Во Цирих без право на поправен

Македонија утре во Цирих треба да го расчисти теренот за финалната пресметка со Португалија закажана за в недела во Скопје

По една недела подготовки на кои се одржуваше формата, репрезентацијата на Македонија утрово имаше закажан лет за Цирих од Скопје преку Загреб. Денеска, односно попладнево е предвидено да одработи и тренинг во „Зал Хале“, спортскиот објект кој им е познат на подобар дел од играчите од дуелот на Металург со Амичитија своевремено.

Португалија утре мора да загуби од Шпанија. Ако победат, бадијала е што и да направи Македонија. Но, за очекување е Шпанците да си ја одработат својата задача на тој начин ќе ги остават Македонија и Португалија да одлучат за пласман на шампионатот. Швајцарија е практично елиминирана. Не може да биде второпласирана со оглед на тоа дека има минус 4 бода и послаб меѓусебен скор од Португалија, а неверојатна е и опцијата дека би стигнала да биде најдобро-третопласирана. Нив бодовите им се потребни за подобрување на рејтингот, што понатаму може да им донесе покомплицирани квалификации.

Македонија, пак, не смее да загуби. Со пораз се збогуваме со ЕП. Со нерешен резултат ни останува шансата на домашен терен да бркаме победа од најмалку седум гола над Португалија (25:32 загубивме на гости).

Затоа утре македонските ракометари ќе се исправат пред поинаков предизвик - да мора да се победи на гости.

Во Скопје лесно излеговме на крај со нив, посакуваме исто да биде и утре, но наивно би било да веруваме дека ќе биде така.

„Швајцарија е репрезентација која покажа две лица во квалификациите. Едно бледо во Скопје и многу поинаква игра на домашен терен. Се согласувам со констатацијата дека Швајцарија е подобар тим од Португалија и мораме да бидеме максимално фокусирани на овој натпревар ако сакаме да стигнеме до поволен резултат“, изјави селекторот Ивица Обрван на прес-конференцијата одржана вчера.

„Ние одработевме еднонеделни подготовки кои дојдоа по напорна сезона за многу играчи. Сите играчи кои беа во ростерот конкурираат за место тимот. Имам уште една-две дилеми кои ќе ги расчистам по последниот тренинг и тогаш ќе одлучам кои 16 играчи ќе патуваат во Цирих. Се надевам дека ќе одиграме добар натпревар и ќе стигнеме до поволен резултат во Цирих, за Португалија до овој момент не сме ни размислувале ниту, пак, нè интересира“, изјави Обрван.

Со приклучувањето на Борко Ристовски екипата е комплетна, одново брои 21 член, а петмина продолжуваат да ја чекаат својата шанса за последниот натпревар.

Влогот во овие квалификации е огромен и е директно врзан со квалификациите за СП Катар 2015, шампионат кој треба да е круна и веројатно последен во кариерата за добар дел од сегашните репрезентативци.

Но, патот до тој мундијал значи играње на еден бараж натпревар. Учесниците на ЕП, односно тие кои ќе го минат првиот круг ќе играат против репрезентации од квалификации. Ако Македонија оди на ЕП значително ги зголемува шансите за настап на мундијалот. Но, ако не успее, тогаш за противник би добила една од репрезентациите кои ќе се пласираат до 12. место.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...