Македонија на тешко гостување во Цирих

Машката ракометна репрезентација на Македонија вечерва во 20 часот против Швајцарија во Цирих го игра еден од најважните натпревари во последните неколку години. Победата е задолжителна, ако се сака пласман на Европското првенство во Данска во јануари 2014 година. Но, притоа и светскиот првак Шпанија ќе мора да ја победи Португалија на нејзин терен во Гимараеш.

Оваа ситуација е пред се поради нашиот пораз во Португалија во 2.коло (25:32), а тежината на натпреварот е и од причина што поради повреди во составот ги нема крилата Дејан Манасков и Гоце Георгиевски, а во текот на подготовките повредени беа Наумче Мојсовски и Филип Миркуловски. Со евентуална победа Македонија ќе ја прекине серијата од три порази по ред.

Во рамките на групата 1 Шпанија е веќе пласирана на ЕП, додека Швајцарија нема шанси.

Табела: Шпанија 8 бодови, Португалија 5, Македонија 2, Швајцарија 1.

Во рамките од 5.коло покрај двата натпревара од групата 1 денеска и утре се играат и другите дуели од оваа рунда.

Група 2: Израел – Чешка и Црна Гора – Германија.

Табела: Црна Гора 6 бодови, Германија 4, Чешка 4, Израел 2.

Група 3: Литванија – Франција и Турција - Норвешка.

Табела: Франција 8, Норвешка 4, Литванија 2, Турција 2.

Група 4: Летонија – Унгарија и Словачка – Хрватска.

Табела: Хрватска 6, Унгарија 6, Словачка 2, Летонија 2.

Група 5: Украина – Шведска и Холандија – Полска.

Табела: Полска 6, Шведска 6, Холандија 2, Украина 2.

Група 6: Белорусија – Исланд и Романија – Словенија.

Табела: Исланд 8, Белорусија 5, Словенија 3, Романија 0.

Група 7: Русија – Србија и БиХ – Австрија (утре).

Табела: Русија 6, Австрија 5, Србија 5, БиХ 0.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...