Карачиќ: „Ќе уживам во натпреварот“

Со шампионска решителност и со симфониска хармонија во играта РК Вардар сигурно плови кон европскиот ракометен врв. Македонскиот првак покажа дека е суверен на нашата територија, а сега ќе се обиде видливо да отскокне од градскиот соперник во европскиот поредок. Широкиот репертоар на играчи сè повеќе доаѓа до израз како ги товараме месеците од сезоната, но константа се неколку поединци кои блескаат и кога е најтешко. Кога станува збор за мечевите со Металург, прво име е Игор Карачиќ! Хрватскиот репрезентативец, кој е најдобар стрелец во конкуренција на двете екипи, во последните десетина-петнаесет пресметки повеќе од доволно кажува на терен со своите потези. Овој пат го прашавме да ги сподели своите ставови и очекувања пред европскиот реванш на скопското дерби.

Може ли Вардар да го повтори првиот натпревар, ќе биде полесно или потешко?

- Би било супер кога би можеле да ја повториме играта од претходниот натпревар, но и тоа како сме свесни дека ќе биде многу тешко. Во ова дерби, кое изобилува со екстра играчи, никогаш не се знае. Мене ми е особено драго да играм во овие натпревари, уживам во нив, уживам пред полна сала, така што ќе дадеме сè од себе да ги развеселиме нашите навивачи.

Многумина типуваа дека бековската постава на Металург е посилна од таа на Вардар, но излезе обратно. Сметаш ли дека тоа беше лош ден на Вугринец и на Мојсоски, или дека вие добро ги затворивте со ротацијата, или, пак, дека тие се во некоја своја криза?

- Јас не сум тој кој сака и може да зборува кој е подобар, а кој не. Ги почитувам нивните играчи како ракометни величини. Ги разбирам и тие кои типувале така, затоа што долго време гледале добри претстави од Металург, предводени од Мојсоски и друштвото, но секогаш доаѓаат некои нови момци. Така што сега Вардар не само со својата бековска линија туку со целиот тим чекори кон еден убав, модерен ракомет. Имаме одлични играчи кои прават спој на искуството и младоста и одлично се надополнуваме.

Што те плаши најмногу за реваншот, со што би можел противникот да ве изненади?

- Покажавме дека не се плашиме од никого. Дали противниците ќе имаат лош ден или не – не се оптоваруваме. Металург не може да нè изненади со ништо, како и ние нив. Сме одиграле толку многу натпревари, одлично се познаваме, но и покрај тоа мислам дека никому нема да му недостига мотивација. Лигата на шампионите, нашата публика, двата бода, втора победа против нив – сето тоа е наш мотив. Од другата страна, пак, противниците сакаат одмазда. Ќе биде многу интересен натпревар.

Тешкиот меч против Партизан ќе има некакво влијание или тоа беше само моментна слабост?

- Мечот против Партизан ни дојде како убава увертира пред Металург. Ако мене ме прашате – да, ќе влијае. Драго ми е што излезе вака, да мораме да спасуваме бодови во последните секунди. Добредојдено е за да се освестиме малку, да не летаме во облаците туку да стоиме цврсто на земја и така да го дочекаме следниот двобој.

Со победата над Металург речиси е остварена првата цел, пласманот во топ-16. Можеби сега се зголемени амбициите на Вардар, го напаѓате ли второто место?

- Има многу пресметки кои се менуваат од коло во коло. Се вртат приказни дека се жали за уште едниот, неосвоен бод против ПСЖ, дека со домашна победа би било поинаку. Јас можам само да им порачам на сите да не треба да се занесуваме со тоа, дека ова досега е одлично. Против најдобрите клубови играме најдобар ракомет, даваме сè од себе и на крајот ќе видиме каде сме. Немојте да заборавите дека ова е нова екипа, со многу нови играчи и дека е потребно многу време, но засега сме на вистински пат. В недела ќе биде уште еден историски спектакл и со помош на нашите навивачи, сите момци ќе остават сè на паркетот – коментираше хрватскиот бек.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...