Шансите за победа со Металург се 50:50

Секој натпревар против Металург има своја тежина. Може да се случи еден потег да го реши победникот. Шансите за триумф се 50:50. Ние имаме мала предност поради тоа што победивме на првата средба кога ја имавме улогата на гости, изјави на денешната прес-конференција Андон Бошкевски, тренерот на македонскиот ракометен првак Вардар пред следниот дуел од Лигата на шампионите против Металург.

Според него евентуална победа за „црвено-црните“ ќе значи огромен чекор кон влез во ТОП 16.

Бошковски очекува неговите избраници да одиграа уште подобро од средбата на 14.ти кога Вардар буквално го надигра вториот македонски претставник во елитното натпреварување.

Сепак, тренерот на вардарци се соочува со проблеми во составот каде сигурно ќе го нема Алексеј Растворцев за кого се прогнозира дека сезоната е завршена по повредата на рамото.

Од таборот на Вардар соопштија дека Русинот сигурно ќе паузира 4-5 месеци, а неговото место во одбраната ќе биде пополнето со Мите Стоилов, додека во нападот на позицијата лев бек, Бошковски ќе смета на Филип Лазаров.

Токму Лазаров очекува тој и неговите соиграчи да го одбранат, како што рече, направениот брејк со металурзите, алудирајќи на победата на првиот меѓусебен дуел.

Натпреварот Вардар - Металург ќе се одигра в недела од 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Табела Ц група: Барселона 9 бодови, Вардар 6, Металург 6, ПСЖ 5, Динамо Минск 4, Тун 0.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...