МЕТАЛУРГ В НЕДЕЛА ЌЕ ТРЕБА ДА ОДИГРА НА ПОИНАКВО НИВО ЗА ДА МОЖЕ ДА СЕ НАДЕВА НА ПОЗИТИВЕН РЕЗУЛТАТ ОД ДЕРБИТО

Металург нема да го сврти другиот образ

В недела вице-првакот покрај битката за бодови, ќе игра и за враќање на рејтингот



Металург полека доаѓа кон крајот на десетдневната голгота. Минатава седмица сигурно е најтешката во последните неколку сезони со оглед на тоа дека мораа да ги истрпат сите критики кои стигнаа на нивна сметка. А нив ги имаше од сите страни и беа поостри од вообичаените, но заслугите за тоа се исклучиво на тоа што се случуваше на теренот во Борис Трајковски. Згора на сè противникот го освои правото да се фали низ градот и да избие во преден план како водечки ракометен колектив.

Вчера Металург беше хиперактивен, па од гледање касета, замина на тренинг, па на тим-билдинг вечера...

ПОРАЗ БИ МОЖЕЛ ДА БИДЕ ФАТАЛЕН

На резултатски план Металург сè уште ја има судбината во своите раце. Победа во недела би му донела речиси сигурна позиција во Топ 16, единствената непознаница би била дали во тој случај Динамо или можеби ПСЖ ќе бидат ставени на тенок лед.

Пораз би можел да биде фатален. Првпат од почетокот на сезоната разгледуваме опција Металург да не мине во следната рунда. Доколку загуби сега од Вардар и по тоа на гости од ПСЖ и Динамо и дома од Барселона. Сето ова е многу реално да се очекува, многу пореално отколку спротивниот епилог. Ако Металург загуби во најдобар случај може да се надева на битка-меѓусебен скор со Динамо Минск. На мечот одигран во Скопје, Металург победи 33:29. Но, ако Динамо Минск победи на следниот натпревар со ПСЖ дома (1 декември), тогаш Металург ќе мора да победи или во Минск или во Париз или дома со Барселона.

ВРАЌАЊЕ НА САМОДОВЕРБАТА

Не можеме да кажеме дека Металург добро го искористи времето меѓу двата дуели со Вардар. Јасно не навлегуваме во делот за тоа што го работи на тренинзи или колку конструктивни се состаноците што ги имаат во рамки на клубот. Единствениот меч што требаше да биде проверка, а тоа е дуелот со слабиот Ловќен беше уште еден удар за клубот.

Процесот на враќање на самодоверба (резултати) може да биде долг и да бара трпение, но Металург го нема тоа на располагање. Затоа има една постава на зрели и врвни играчи што треба да го надминат психолошкиот момент и во непријателски амбиент да покажат дека првиот дуел со Вардар бил само лош ден.

КОРИСТЕЊЕ НА ПРЕДНОСТИТЕ

Металург мора да ги користи своите силни страни и предности во однос на Вардар доколку сака бодови во недела.

Предноста на долгата клупа и свежината е на страната на противникот, но Вардар не е комплетно воигран тим и ротациите во играта не секогаш значат позитивни промени. Искуството од играње на вакви натпревари комплетно е на страна на Металург и би требало да знае како да казни и како да ја смени и држи под контрола играта во зависност од тоа која постава се наоѓа на теренот. И тоа мора да го прави ефектно затоа што вишок сила за трошење нема. На претходниот натпревар што е прв што Металург го загуби од Вардар во најсилен состав по долго време Металург прифати ритам, а не наметна свој стил на игра. Истовремено Металург мора и да ги скрие своите маани, а нив Вардар добро ги знае. Една од нив е играњето со „маркер“ кога има играч помалку. Тоа е стратегија која Металург ја игра многу лошо, а Вардар веќе се извешти да го лови „маркерот“ и да го тера да игра улога што не е замислена во оригиналното сценарио. На минатиот меч, Чоровиќ иако со маркер беше навлечен за шут, што по тоа Милиќ за малку не го претвори во гол од својот голмански простор.

И да, Металург на клупа има стратег со олимписки и светски злата, а Вардар го има дебитантот Самсоненко. Колку и да биде добро подготвен за меч Русинот, и има играчи на располагање, сепак, доколку средбата стане резултатски тесна и треба да се влечат потези што не биле планирани тогаш предноста е на страна на Металург.

МИЛИЌ И КАРАЧИЌ

Тимур Дибиров секако ќе го постигне својот дел и на овој натпревар, но Георгиевски би морал да го намали неговиот ефект барем за 2-3 гола доколку одигра на ниво во одбрана. Други два играчи постојано се наметнуваат како голем проблем за Металург. Страхиња Милиќ и Игор Карачиќ. Сите победи на Вардар се во најголем дел заслуга на овие двајца. Металург ќе мора да најде начин како да постигнува голови против корпулентниот, но не и премногу подвижен голман и како да го задржи Карачиќ или да го намами да шутира како што нив им одговара.

ОДБРАНА

Натпреварите, периодите во кои Вардар имаше проблем да го види голот на Металург не се далечно, но, сепак, се минато. Една од причините што беше така е што Металург ја држеше толку цврсто зоната, а голманите беа на такво ниво што ретко кога проаѓаа т.н случајни голови или голови од пасивна игра. На последниот натпревар барем пет гола што завршија во мрежата беа голови што вообичаено, односно на претходните натпревари Металург не ги примаше.

ТЕХНИЧКИ ГРЕШКИ

Никој не може да одигра меч безгрешно. Но, има моменти кои со сигурност може да се елиминираат. На пример, ноншалантно и млако додавање пред носот на Дибиров сигурно ќе заврши со пресечена топка и веројатно гол од контра напад. Престап или пак контранападите каде хаотично се префрла топката или пак неизнудена грешка во додавање...

„СРЦЕ НА ТЕРЕН“

Нема никакви шанси Металург да дојде до бодови доколку и во недела дуелите бидат млаки. Можеби на Вардар минатиот натпревар му прогледаа низ прсти данските арбитри за прежестоките стартови, но на дерби понекогаш така и (треба да) се игра. Епилогот е - изјава од типот „Тие повеќе ја посакуваа победата’ и сл.

Металург беше премногу нежен и во напад и посебно во одбрана. Јасно не важи за сите и за цели 60 минути, но генерално покрај поразот изедоа и ќотек, посебно Павел Атман... А не вратија со иста мерка Отсуството на Растворцев на неделниот меч ќе ги истапи малку забите на одбраната на Вардар, но не беше проблем играта на Вардар минатиот четврток, туку играта на Металург.

СТАНИЌ, МОЈСО И ВУГРИНЕЦ

Филип Миркуловски нема да биде во тимот, дури и да биде, од него нема да се очекува многу. Дарко Станиќ, Наумче Мојсоски и Ренато Вугринец... веројатно ова трио неделава беше најчесто споменувано кога беа на ред критиките. Факт е дека сите мора да бидат на вистинско ниво. Без одбраните на Станиќ паѓа и сигурноста на одбраната, а без шутевите на Мојсоски или, пак, Вугринец што завршуваат во мрежата, паѓа моралот на целиот тим и се крева противникот. И Атман, барем на ниво какво што беше во четвртокот. Ова е вонсерискиот квартет што го има Металург во своите редови, а со оглед на тоа дека играчки се ослабени од лани, сега мораат дополнително овие четворица да придонесат. Другите играчи од бековската линија, можеби можат за момент за помогнат, но не би препорачале подолга минутажа. Освен, ако некому не му тргне вистински.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...