Ракометниот танц во Скопје

Два бода го чистат видикот кон топ-16


* Андон Бошковски, сепак, предупреди дека поговорката со ранетиот лав му одговара на Металург и затоа вели дека шансите се 50-50, иако Вардар е домаќин


Дај боже судбината да биде милостива и да ни овозможи утрешниот меч да не биде последен европски меѓу Вардар и Металург во оваа сезона. Тоа би значело радост до екстаза на секој Македонец, без разлика дали е облечен во сино или во црвено, но додека желбите патуваат кон најубавата иднина, нè очекува реалноста на теренот. Македонските ракометни репрезенти вторпат во 10 дена ќе се соочат во елитната конкуренција и тоа овој пат со најголеми почести од европските власти. Мечот на неделата за ЕХФ може да биде патоказ на сезоната за еден, или за двата тима, во зависност каква ќе биде распределбата на бодовите. Вардар води во психолошкиот судир поради триумфот кога формално беше гостин, но Металург има многу повеќе за докажување. Иако Вардар ги исполни условите за благ фаворит, Андон Бошковски ја задржа куртоазијата и на вчерашната прес-конференција најави дека шансите се 50-50.

„Мислам дека овие натпревари меѓу Вардар и Металург, без разлика дали се играат во домашното првенство или во ЛШ имаат иста тежина, ист набој, немаме тајни едни пред други. Една топка, една добра одбрана, еден потег може да го реши натпреварот, реков уште пред минатиот меч. Без разлика што сме домаќини, шансите се 50-50. Ние и на минатиот натпревар не бевме гости затоа што имавме многу публика, сигурно дека така ќе биде и в недела. Се надевам дека ќе бидеме во исто издание како на претходниот натпревар дури ако може и 40, 50 па и 70 проценти подобро од тоа и дека ќе победиме“, нè воведе Бошковски во своите ставови и очекувања околу натпреварот, веќе шести во европскиот календар. Настапува период кој може да биде важен дури и решавачки и затоа бодовите ќе бидат сè подрагоцени. На вардарци им требаат за да стапнат со една нога во осминафиналето, а на Металург за да не ги испушти од раце, сè уште, добрите шанси за едно од четирите места.

„Тие два бода што би ги освоиле в недела би значеле сигурен пласман во најдобрите 16 во Европа, а тоа, ако се сеќавате, ни беше примарна цел на почетокот на сезоната. Сè ќе направиме што се однесува до нас, играчки и тренерски, за да бидеме во оптимална форма за натпреварот. Имаме голем респект за противникот, а познато е дека ранетиот лав е најопасен. Тие имаат одлична екипа. Во овој момент можеби ние сме во мала предност, психолошки, затоа што ги добивме на првиот меч, но ќе повторам, шансите се 50-50“, анализира Бошковски.

ХЕНДИКЕП – РАСТВОРЦЕВ ЌЕ ПАУЗИРА 4-5 МЕСЕЦИ

Ако Металург е веќе во фаза на реинтеграција на Филип Миркуловски во екипата по долгата пауза поради повреда, врз Вардар допрва надвиснуваат такви главоболки. Алексеј Растворцев го повредил рамото на првиот натпревар, пред девет дена. Прво изгледало дека не е многу сериозно, но потоа излегло дека искусниот Русин мора да оди на операција, а потоа да се рехабилитира, речиси, до крајот на сезоната.

„Имаме еден играчки хендикеп, го загубивме Алексеј Растворцев во следните 4-5 месеци, но нема да се жалиме затоа што имаме голем фонд на играчи. Тој доби еден удар на претходниот меч и мора да оди на операција“, информира Бошковски и потоа потенцира дека Вардар е тимска екипа, со 22-23 ракометари кои можат да одговорат во секој момент како замена за кој било свој соиграч. Во случајов, веќе подготвени се алтернативите за корпулентниот бек и во одбраната и во нападот.

„Ако сте го заборавиле, а не би требало, ние го имаме Мите Стоилов, кој може да заврши голема работа во одбраната. Тешко ќе биде без Растворцев, но ќе направиме сè да не се почувствува неговото отсуство. За неговите можности во нападот не треба да зборувам, но без разлика на тоа што имаше слаб прв дуел, капитенот на Вардар, Филип Лазаров, ја игра најдобрата сезона во кариерата и ако тој се покаже како што игра од септември наваму ве уверувам нема да имаме проблем“, увери Бошковски. Лазаров постигна само еден гол од пет обиди на пресметката од минатиот четврток, но сега не само што му се пружа шанса туку мора да одигра подобро за да ја пополни празнината. И тој се согласи дека ако Вардар ги повтори блескавите моменти од 14 ноември, ќе успее да го потврди „брејкот“.

„Ќе се изразам со тениски жаргон, со двата поена на гостински терен направивме брејк, но ако не го одбранете на свој сервис не значи ништо. Сега играме на домашен терен и ни требаат бодовите. Ќе влеземе максимално мотивирани и желни да освоиме два или макар еден бод, со што би ни се отвориле вратите од следната фаза во ЛШ.. В недела нè чека многу потежок меч. Ги знам момците во Металург, знам колку ги посакуваат бодовите и колку сакаат да се одмаздат. Меѓутоа, ги знам и моите другари во Вардар, знам дека се многу квалитетни. Имаме тимски дух и ќе одолееме на сиот труд што ќе го вложат нашите противници и затоа се надевам на нов успех. Би сакал најмалку да ја повториме играта од првото полувреме од првиот меч, кога ја стекнавме клучната предност“, заклучи Лазаров. Неговиот актуелен клуб ќе се обиде да ја продлабочи резултатската криза на поранешниот и со тоа да го направи уште поубедли билансот од само еден пораз во последните шест меѓусебни средби.

Ракометниот танц во Скопје

Вардар – Металург е прогласен за меч на неделата на ЕХФ. Тоа значи дека ќе биде натпревар со централно внимание од еворпските медиуми и со дирекетни преноси од 20 различни телевизиски куќи. На официјалната интернет-страница на ЕХФ посебен осврт имаше Том О’Бранаган, новинарот кој го коментираше првиот, а ќе биде овде и за утрешниот меч. Вели, ракометот е танц на паркетот, а овој пат ќе се танцува во Скопје. Таму знае да биде тврдо, тмурно од борба и од обиди да се совлада градскиот ривал. Не пропушти да забележи дека публиката знае да направи непотребни проблеми и да даде ипогрешна ислика за гостопримивиот и љубезен македонски народ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...