Морезмо и Мареј ја продолжуваат соработката

Британскиот тенисер Енди Мареј ја продолжува соработката со својот тренер, поранешната француска тенисерка Амелие Морезмо. Мареј почнал да работи со Морезмо по поразот во четвртфиналето од Григор Димитров на Вимблдон.

Мареј остана без тренер по отказот на Иван Лендл во март по двегодишна соработка, а со него шкотскиот тенисер освои олимписко злато, УС Опен во 2012 година и Вимблдон минатата година. Овој пат 27-годишниот тенисер сврти нов лист и одлучи да работи со Морезмо, која е поранешен светски рекет број 1, прво на краток период, меѓутоа се чини дека соработката ќе биде подолга. Јавноста очекува Мареј во наредните денови официјално да објави дека Морезмо ќе остане негов тренер.

Моментално Мареј е во Мајами каде се подготовува за настап на УС Опен, кој почнува во август. Откако покажа слаба игра на Вимблдон тој почна со фитнес тренинзи, а потоа ќе работи на остранување на слабостите во својата игра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...