Победнички кам-бек на Серена

По разочарувачкиот настап на Вилмблдон Серена Вилијамс се врати на тениските терени со победа на првиот меч на ВТА турнирот Стамфорд. Светската тенисерка број 1 ја збриша Каролина Плишкова со 7:5 и 6:2 пред преполната арена за само 64 минути.

„Одиграв храбро и многу добро. Мислам дека сум на вистинскиот пат, возбудена сум и очекувам да одиграм добро и на другиот меч.

Серена за противник во четвртфиналето ќе го очекува подобриот од мечот меѓу петтата носителка Ана Ивановиќ и квалификантот Керол Жао.

ЕДНА ОД ФАВОРИТКИТЕ ИСПАДНА

Финалистката од минатиот Станфорд, Агњешка Радванска испадна од трката по трофејот по поразот од 59. тенисерка на светската ранкинг листа Варвара Лепченко. Полската тенисерка го загуби дуелот со 2:1 по сетови откако во последниот ништо не ѝ одеше. За Лепченко тоа беше само трета победа во 24. меч против тенисерките што се на првите 10 места на ВТА листата. Следна пречка за Лепченко ќе биде Американката Сакија Викери

Ли На се повлече од УС Опен

Кинеската тенисерка Ли На нема да се натпреварува на УС Опен кој почнува на 25 август поради повреда на коленото. Нејзе ѝ е сугерирано да го прескокне престижниот турнир за да не си создаде дополнителни проблеми. Ли има проблеми со двете колена. Во април таа се повлече од турнир во Европа поради левото колено, а на Вимблдон настапуваше со бандажирано десно колено. Се очекува нејзин кам-бек на терените на Вухан Опен во Кина во септември.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...