Металург се соочува со нови проблеми пред натпреварот со Кил

Македонскиот шампион Металург натпреварите од годинашново издание на Лигата на шампионите ќе ги заврши со дуелот против бундеслигашот Кил на домашен терен.

На проблемите со повредени играчи тимот од Автокоманда се соочува и со здравствени проблеми (стомачен вирус) на четири стандардни првотимци. На болки во стомакот се пожалиле Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, Дејан Манасков и Владан Липовина.

Сепак и покрај проблемите тренерот Лино Червар најавува борба со големиот противник.

- Се подготвуваме за Кил, независно кој ќе биде во составот, Ние ќе се бориме и ќе се обидеме да го изненадиме фаворитот, кој има исклучително силна надворешна линија (Дувњак, Кањалес, Палмарсон),... Вугринец тренираше со екипата, а можеби е прерано да се каже дали ќе игра против Кил, изјави Червар.

Во отсуство на капитенот Наумче Мојовски, на денешната прес-конференција присутен беше Ванчо Димовски.

- Чекаме прва победа и со тоа да ја исфрлиме негативната енергија од нас. Заслуживме да имаме барем бод на крајот од овој циклус, Кил е нова шанса. Возот тргна, а сеуште имаме шанса да се качиме. Ја знаеме јачината на Кил, тоа е екипата која лани не елиминира и впрочем само Кил не победи во Скопје, рече Димовски.

Натпреварот Металург - Кил се игра в сабота од 21 часот во СЦ „Борис Трајковски“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...