Вардар со поделени мисли – Роби и Динамо

Во тивка атмосфера, ден по шокот „вардарки“ се обидуваат да се соземат и да се фокусираат на мечот во Волгоград

Ден по немилиот настан со Вардаровата ракометарка Робертина Мечевска македонскиот првак се обидува да се соземе од шокот и во тивка атмосфера да остане фокусиран на обврските во Лигата на шампионите и мечот со Динамо, в недела во Волгоград.

Со оглед на чувствителноста на ситуацијата, во „црвено-црниот“ табор се едногласни на ставот дека изјави и коментари на темата нема да има, па така останува само официјалното обраќање од клупскиот сајт, во кое се вели дека сите во клубот се силно потресени по несреќата, како и поддршката која доаѓа за ракометарката „ Робертина е дел од семејството на Вардар, репрезентативец на Македонија, борец, голем човек и спортисти, и веруваме дека ќе успее да заздрави и да го надмине овој тежок период во нејзиниот живот и дека повторно ќе биде со нас на теренот“.

Во исчекување на нови информации за состојбата на ракометарката, екипата продолжува со подготовките за дуелот во Русија, а од клубот потврдуваат дека засега нема да има промени во работната програма, односно екипата до петок ќе тренира во Скопје, додека в сабота претпладне ќе замине за Волгоград со чартер лет.



СОСТОЈБАТА НА МЕЧЕВСКА И НАТАМУ КРИТИЧНА

Вардаровата ракометарка успешно ја преброди операцијата во вторникот доцна вечерта, во која лекарскиот тим на Ургентниот центар во Скопје го спречи внатрешното крвавење, но при истата ѝ е отстранета слезината, која била тешко оштетена. И покрај успешната операција, состојбата на Робертина Мечевска и понатаму е критична со оглед на тоа дека при падот од петтиот кат од заградата каде што живее таа се здоби со тешки повреди и на градниот кош, белите дробови, црниот дроб и ’рбетниот столб.

„Состојбата на Мечевска е многу тешка и сериозна. Таа се наоѓа на Одделот за интензивна нега и е приклучена на апарати за дишење. Со хируршката интервенција беше сопрено внатрешното крвавење, но таа има голем број други тешки повреди, на ребрата, прешлените, мекоткивните органи и на белите дробови. Во вакви случаи, многу е тешко да се даваат какви било прогнози и сè е можно“ - објаснува д-р Тања Спировска, раководител на Одделот за реанимација и интензивно лекување при КАРИЛ.

Силната физичка конституција, како и тоа дека паднала на тревна подлога се сметаат за пресудни фактори Мечевска да го преживее падот.


„ИЗДРЖИ РОБЕРТИНА, СО ТЕБЕ СМЕ!“

Поддршка од комплетната македонска јавност, како и ракометните колеги за Мечевска пристигнуваат од сите страни. На социјалните мрежи стои пораката „Издржи Робертина, со тебе сме!“, а и преку својот фејсбук профил се огласи и македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски, кој напиша „Многумина од нас се надеваат, но јас познавајќи те Робе, сигурен сум дека ти од оваа борба ќе излезеш уште посилна. Издржи!“



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...