Загреб е желбата за балканско дерби

За разлика од претходната година ова време, кога македонскиот ракомет имаше двајца претставници во продолжението од Лигата на шампионите, сезонава комплетното внимание на нашата ракометна јавност е насочено кон Вардар, кој денеска, 12:30 часот, во Виена треба да го добие осминафиналниот противник во најсилното европско клупско натпреварување.

Втора сезона во низа „црвено-црниот“ состав се наоѓа во друштво на најдобрите 16 клубови во Европа, но за разлика од лани кога како четврти ја завршија групната фаза, во оваа вардарци беа втори во групата Ц и тоа им носи поволна позиција на денешната ждрепка.

Покрај Вардар во Топ 16 фазата исто како и минатата година и оваа ќе ги гледаме Барселона и нашиот најдобар ракометар Кирил Лазаров, потоа три германски тима, актуелниот европски првак Флензбург, Кил и Рајн Некар Левен, како и три француски екипи, ПСЖ, Монпелје и Данкерк, потоа данските претставници Алборг и КИФ Колдинг, унгарските Веспрем и Пик Сегед, Киелце и Висла Плоцк од Полска, како и шпанскиот вицешампион Ла Риоха, додека комплетното друштво го заокружува хрватски ППД Загреб.

Со тоа што заврши како второпласиран тим во групата Ц, Вардар на денешната ждрепка се наоѓа во вториот шешир заедно со ПСЖ, КИФ Колдинг и Пик Сегед, а според пропозициите за потенцијални противници во осминафиналето ги има екипите од шеширот три, каде се ППД Загреб, Висла Плоцк, Рајн Некар Левен и Данкерк. РНЛ е исклучен од конкуренцијата со оглед на тоа дека две екипи кои меѓусебно се соочиле во групната фаза од ЛШ не можат да бидат и осминафинални ривали.

ППД ЗАГРЕБ

Прв на листата е хрватскиот шампион, кој дефинитивно е и најпосакуван противник на вардарци за осминафиналето. Историјата особено во изминативе неколку години наназад многу ги „врзува“ двата табори. Големите балкански противници, кои се единствените освојувачи на СЕХА ГСС лигата досега, а кои од неодамна „делат“ и едно големо ракометно име, Веселин Вујовиќ, како поранешен вардаров стратег и актуелен предводник на „плинарите“. Дуели кои изобилуваат со најдоброто што балканскиот ракомет може да го понуди во моментов, а токму тој момент на балканско дерби на европска сцена и она што го прави Загреб најатрактивен и најпосакуван противник за Вардар.

„Немам посебна желба бидејќи сите противници се тука некаде по квалитет. Но, ако се водам од она што би било најинтересно, ќе донесе најмногу интерес, тоа секако дека е Загреб. Балканско дерби во Топ 16 ќе биде можеби најатрактивниот момент во осминафиналето. Од тој аспект Загреб е посакуван противник“ – коментира капитенот на Вардар, Филип Лазаров.

ДАНКЕРК

Францускиот првак за првпат во историјата е дел од осминафиналето на најсилното европско клупско натпреварување. Тимот на Патрик Казал откако ланската сезона приреди вистинска сензација во националното првенство, ја исполни својата прва цел во ЛШ, влезе меѓу најдобрите 16 екипи, а сè понатаму за нив ќе биде голем плус.

За „црвено-црните“ момци тие стојат како желба број два за денешната ждрепка, без разлика што нивното име не би било толку звучно како она на „плинарите“. Во најрамноправната трка за место во продолжението во групната фаза Данкерк дојде до третата позиција во групата Д благодарение на фактот дека тимот беше вистински во вистинско време и ги доби двата клучни натпревари, кои и овозможија да остане во европско друштво.

И Данкерк има нишка која го поврзува со Вардар, централниот бек, Црногорецот Жарко Пејовиќ, кој на почетокот на сезонава дојде во тимот како засилување заедно со Полјакот Павел Пацковски. Пејовиќ беше дел од тимот на Вардар во сезоната 2010/2011, за потоа да замине за Татран Прешов, од каде, пак, се пресели во францускиот табор. Данкерк нема некои атрактивни имиња во тимот, но впечатокот е дека функционираат многу добро како тим.

ВИСЛА ПЛОЦК

Во Лигата на шампионите досега Вардар немал полски противник, а според реакциите желбата е тоа и да остане така, барем засега. Висла Плоцк, полскиот вицепрвак, приреди многу изненадувања во групната фаза, особено пред домашната публика. Тоа е единствениот тим кој најде решение за Лазаров и дружината и ѝ нанесе пораз на Барселона, а истата судбина ја имаше и бранителот на титулата Флензбург. Екипа која во своите редови има голем број странски ракометари од Срби, Шпанци, Романец, Португалец... кои на теренот делуваат како еден, особено во ситуација кога пред себе имаат фаворит.

„Вардар досега нема играно со полска екипа. Но, на мојата листа Висла е на последното место. Незгодна екипа, која е во експанзија, особено по она што го презентираа во групната фаза“ – вели чуварот на мрежата на Вардар, Страхиња Милиќ и додава: „Загреб, мислам дека е број еден избор за нас“.

ВУЈО НЕ ГО САКА ВАРДАР

Тренерот на ППД Загреб, за македонските ракометни фанови добро познат како поранешен стратег на Вардар, Веселин Вујовиќ, јасно стави до знаење дека не го посакува „црвено-црниот“ тим како противник во осминафиналето.

„Не го посакувам Вардар. Не е поради квалитетот или дека се плашиме од нив, туку поради емотивниот момент. Бев долго време во клубот, заедно испишувавме историја и поради тоа би сакал во осминафиналето Загреб да добие друг противник“ – истакна Вујовиќ, кој конкурентот во Топ 16 ќе го дочека во Скопје, со оглед на тоа дека неговиот тим вечерва му гостува на Металург во регионалното натпреварување.

ШПАНСКА ПРЕЧКА ЗА ЛАЗАРОВ?

Ќе биде интересно да се следи и развојот на настаните на ждрепката и за паровите од другите две групи, особено поради тоа што ЕХФ нема правило кое спречува екипи од иста земја да се сретнат во Топ 16. Во превод тоа значи дека, доколку ждрепката така посака, би можеле да имаме дури три национални соочувања во осминафиналето. Барселона и Кирил Лазаров би можеле да ја добијат Ла Риоха (шпански пар), потоа германските Кил и Флензбург, односно ПСЖ и Данкерк од Франција, да бидат ривали. Ваквиот развој на настаните би можел сериозно да ја разгори битката за четвртфиналето.

Покрај Ла Риоха, најдобриот македонски ракометар, за противници би можел да ги има или Монпелје или Алборг, додека Флензбург е изземен бидејќи екипите веќе се соочија во групната фаза.

Осминафиналната фаза од Лигата на шампионите е закажана за втората половина од март, односно во првото коло 11-15 март Вардар би играл на гостински терен, додека реваншот, кој е една седмица подоцна (18-22 март) би го играл пред својата публика во СЦ „Јане Сандански“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...