„Вардар ќе игра на Ф4“

Вардаровите ракометарки денеска на пладне, со лет преку Виена, заминуваат за Унгарија, каде што в сабота против Ѓер ќе го одиграат реванш-мечот од четвртфиналната фаза од Лигата на шампионите. Првиот чекор кон Ф4 турнирот во Будимпешта ЖРК Вардар го направи во саботата со победата од шест гола разлика, но сега е потребно во срцето на европскиот првак, арената „Ауди“, да го зададат финалниот удар, кој ќе потврди дека најсилното европско клупско натпреварување во женска конкуренција ќе добие нов освојувач.

„Црвено-црните“ дами вчера попладнето го одработија последниот тренинг, во позитивна атмосфера и со убаво претчувство.



„Во Ѓер заминуваме како да е 0-0 и мислам дека тие ќе бидат многу ’запалени’ и дека ќе се обидат да направат сè за да победат. Но и ние ќе дадеме сè од себе. Не знам што друго да кажам освен дека ќе поминеме понатаму.

Верувам во нас, верувам дека го можеме тоа и имам некое претчувство што ми вели дека Вардар одново ќе го гледаме на Ф4“, самоуверено коментира крилото Маја Сокач.

Истото расположение го дели и стручниот штаб.

„Како и девојките и јас имам чувство дека Ф4 е реалност за нас, само да одиграме на исто ниво како во Скопје. Апсолутно ни е јасно на сите дека Ѓер нема да го повтори она издание од првиот меч, туку ќе биде сосем поинаков тим. Но ние одигравме перфектен меч, бевме тим во вистинска смисла на зборот, во секој сегмент од играта и се надевам дека одново ќе одиграме така.



Најважно е да не мислиме на предноста од шест гола, туку да одиме на победа, како и на секој нормален натпревар, да не се оптоваруваме со разликата и резултатот, туку да покажеме и во Ѓер дека местото ни е одново во Ф4“, децидна е Индира Кастратовиќ, тренерот на Вардар.

ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА ЃЕР

На теренот на европскиот првак несомнено е дека ќе бидат искористени сите средства за да се запрат вардарки, за да се стопи негативата од шест гола и Ѓер да се избори за уште еден Ф4. Но ќе мора да внимава, затоа што и македонскиот шампион има „џокери“.

„Првото полувреме го добивме, сега потребно е одново да одиграме еден таков добар меч. Сигурно дека нема да биде лесно, мора да понудиме квалитет, истрајност и храброст, и да ја одбраниме разликата, и да се најдеме на Ф4.

Ќе се обидеме да ја репризираме одбраната, да бидеме агресивни, брзи во полуконтрите и прецизни во нападот, тоа е клучно. Сигурно Ѓер ќе подготвува некое изненадување за реваншот, но ќе подготвиме и ние, така што ќе биде интересно и ќе направиме сè за да се најдеме во Ф4“, најавува Барбара Лазовиќ.



СКРОМНА, НО ЗНАЧАЈНА ПОДДРШКА

Дуелот меѓу Ѓер и ЖРК Вардар е закажан за в сабота, 16:30 часот, во арената „Ауди“, а „црвено-црните“ дами најверојатно ќе имаат поддршка на трибините од околу 50 навивачи, кои со автобус ќе заминат за Ѓер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...