Сите надежи во 60 минути

За целосно „приземјување“ на актуелниот европски првак вардарки треба да го репризираат перфектното издание од Скопје, а единствен момент на кој треба да мислат е само победа

Победниците ја пишуваат историјата, а ЖРК Вардар стои пред шансата да испишува нова клупска историја и вторпат едноподруго да се најде на Ф4 во Будимпешта. Последниот чекор „црвено-црните“ дами треба да го направат попладнево, 16:30 часот, во „Ауди“ арената во Ѓер, во реваншот од четвртфиналната фаза од Лигата на шампионите. Откако вардарки „експлодираа“ во Скопје на првиот дуел и забележаа победа со шест гола разлика сега сите надежи се сублимирани во 60 минути кои ги делат од Будимпешта.

На последниот тренинг пред заминувањето за Унгарија Вардаровите ракометарки во одлична атмосфера се подготвуваа за најважниот меч сезонава, а интересно е што секоја од нив имаше некое скриено претчувство дека како победници ќе се вратат од Ѓер. Но, пред да слават, прво мора да го репризираат изданието од пред седум дена во СЦ „Јане Сандански“ за да го „приземјат“ комплетно европскиот првак, но и да најават дека по две години најсилното европско клупско натпреварување ќе добие нов освојувач.

„По првиот меч бевме пресреќни и најискрено се радувавме само во саботата вечерта. Сега сме доста мирни и некако сме сите свесни дека ако во Ѓер не одиме на победа, може да се соочиме со негативно сценарио. Шест разлика е меч со две острици, ние никако не сакаме тоа да биде негативно. Мораме да бидеме свесни, ќе биде исклучително тежок и пеколен меч, но верувам во нас“ – вели Андреа Лекиќ, средниот бек на Вардар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...