Иако нејзината филмска кариера одамна не доживеала подем, Брук Шилс се уште го полни жолтиот печат со нејзините фотографии од пред дваесетина години.

Откако музејот Modern Tate ги изложи фотографиите од голата Шилдс на десетгодишна возраст, ликовните критичари и галеристи изразија загриженост така што ја прогласија одлуката на музејот за педофилска.
Фотографијата е изработена уште во далечната 1983 година, од страна на Richard Prince, а во моментов е изложена во галерија во Лондон, заедно со уште неколку насловни страници од порнографски списанија . На сликата е претставена десетгодишната Шилдс, која е гола, нашминкана и измачкана со масло.

Мишел Елиот, претседателката на позната добротворна организација за деца „Kidcape“, ја оценува фотографијата како вистинска порнографија, додавајќи дека истата е мамка за педофилите.
Сепак, Брук Шилдс, воопшто не ја коментира збирката во која што се наоѓа нејзината фотографија, ниту пак негативниот ефект кој што може да го има таа.