|
|
|
Рецепт за крцкав и кремаст компирАко ви е досаден обичниот печен компир, направете малку поразличен кој веднаш ќе засакате да го готвите постојано.
Потребни состојки:
- 1кг компир
- 5 лажици путер
- 1 кромид
- 3 чешчиња лук
- 1 лажица сенф во зрна
- 400мл хопла за готвење
- 75гр изрендано сирење
- ½ лажичка морско оревче
- сол и бибер по желба

Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 190°С, а тавата во која планирате да го печите компирот намачкајте ја со една лажичка путер.
Во еден сад растопете го путерот на умерена температура. Додајте го кромидот и пржете додека не стане проѕирен. Потоа додадете го исчистениот лук и пржете уште една минута. Додадете го сенфот и хоплата и гответе додека не зоврие смесата.
Претходно исечканите компири на тенки кругови препржете ги во друг сад 4 до 5 минути. Зачинете со сол, бибер и оревчиња.
Во садот за печење истурете ги компирите и залијте со смесата со хопла, а на крај додадете го изренданото сирење. Печете од 25 до 30 минути, додека сирењето не зарумени.
Ако имате желба, во компирите може да додадете и некој зеленчук или парчиња сланина.
|
|
|
|
 |
|
 |
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
 |
Виц на денот |
|
Трпе се жали за своето работно место. - Не можам веќе да издржам, ме отекоа, само нешто ме прашуват. - А што работиш? - На шалтер за информации. |
|
|
 |
Состојба на патиштата |
|
|
|
 |
Верски календар |
|
|
|
 |
На денешен ден |
|
1542.- Папата Павле Втори донесе одлука за...
1798.- По победата на битката кај пирамидите,...
1898.- Во Оук Парк, во државата Илиноис, е роден...
1940.- Во Литва, Летонија и Естонија е...
|
|
|
 |
Хороскоп |
|
|
 |
|