Здружението на лекари од Онтарио (OMA) во вторникот претстави неколку тест примероци од пакувања со налепници со застрашувачка содржина, вклучувајќи и кутии за пица со фотографија од поцрнет замастен црн дроб и тетрапак за сок со фотографија од детско стапало со чир.

- Можеби некои мислат дека овие етикети се премногу радикални мерки, но ситуацијата е таква што бара итен одговор, соопштува ОМА.

Лекарите сугерираат неколку мерки за борба против дебелината, како што е воведувањето на повисоки даноци за нездрава храна и намалување на даноците на здравите производи, како и поставување на предупредувања за здравјето на храната и нејзините состојки.

Предлози за ограничување на маркетингот и продажбата во продавниците кои ги посетуваат децата.
Претседателот Даг Вир вели дека болестите кои се јавуваат како последица на дебелината го чини Онтарио 2,2 до 2,5 милијарда долари годишно. Дури 31,5 отсто од децата и адолесцентите во Канада се со прекумерната тежина или се дебели. Владата на Онтарио соопшти дека ќе ги разгледа предлозите на OMA, но не коментираше.

Останува да видиме каква ќе биде разврската во Канада, ништо чудно и во Европа за некоја година да купуваме храна со фотографии кои не прилегаат за исхрана.