ГОДИШЕН ХОРОСКОП

Што нè очекува во 2017-та?

По напорната 2016-та, следува нова година, која за многу хороскопски знаци ќе биде успешна и мошне бериќетна.



Овен

Драги овни, пред вас е годината на промени кои најмногу ќе ги почувствувате на приватно поле и во односите со другите луѓе. Нештата несомнено се менуваат и тоа кон подобро. Релациите со луѓето се непредвидливи, па можно е во животот да ви се вратат стари познаници, а воедно и да ги прекинете односите со луѓе што ги познавате со години. Промените низ кои што ќе поминете во 2017-та ќе ви помогнат да се спознаете себе си и да го откриете својот целосен потенцијал. Во љубовта конечно ќе бидете подготвени да се смирите покрај еден партнер и да уживате во сè што носи врската, додека на работното поле ве очекува унапредување, доколку правилно играте со картите што ќе ви бидат дадени.

Среќни денови:
3 февруари и 3 март – одлични датуми за страсно заљубување, но и за финансиска добивка
28 април и 6 јуни – поволен период за подобрување на односите со луѓето

Бик

За биковите ова е година на експанзија на секое поле. Ќе се трудите да го дадете својот максимум во работата, а воедно и повеќе ќе се грижите за својот физички изглед. Во 2017-та можно е да водите двоен живот, од една страна предавајќи им се на страстите во тајност и не дозволувајќи луѓето да знаат за тоа, а од друга задржувајќи го имиџот што сите го имаат за вас. Ѕвездите ве советуваат да бидете малку поактивни и храбро да ги искористувате шансите кои ќе ви бидат дадени во текот на годината. На почетокот ова ќе ви звучи помалку страшно бидејќи не сте научени на промени, но потоа лесно ќе успеете да фатите ритам и да итате во вистинската насока.

Среќни денови:
6 јуни и 4 јули – денови кога се очекуваат подароци, признанија и многу внимание
7 ноември и 22 ноември – промени кои водат кон подобар живот

Близнаци

Променливиот карактер на Близнакот годинава доаѓа до израз во потполност. Ако барате нова работа тогаш крајот на мај е идеалниот период за да си ја испробате среќата на ова поле. Дали жалите за некоја пропуштена прилика? Годинава ќе ви овозможи да ја поправите својата грешка и да добиете втора шанса. Кога станува збор за љубовта, внимавајте што посакувате, зошто може да ви се исполни. Ова особено важи за оние кои се во долги врски, а имаат потреба за самодокажување преку флертување со други луѓе. Зошто да ги комплицирате нештата за нешто минливо?

Среќни денови:
20 јуни – поволен период за деловно докажување и професионално усовршување
6 јули и 30 јули - остварување на љубовните и финансиските планови

Рак

Во 2017-та ќе бидете помирни од порано. Забавите и лудувањата со пријателите, ќе ги замените со дружења во домашна атмосфера. Главниот фокус ќе ви биде насочен кон обезбедување на стабилност и благосостојба за семејството. Можеби ќе ви биде потребен поголем простор, зошто сте решиле да го проширите семејството, па заедно со партнерот/партнерката ќе тргнете во поход за нов дом или ќе направите значителни промени во стариот. Ова е година кога ќе размислувате и за идејата да заминете во странство. Доколку ви се пружи можност за работа надвор од земјата не ја испуштајте можноста.

Среќни денови:
31 јули и 25 август – неочекувани ситуации кои ќе ви донесат нови можности
9 декември и 31 декември – одличен период за љубов, а воедно и за проширување на семејството.

Лав

Лавовите сакаат сè да е под нивна контрола, но годинава конците ќе им избегаат од рака. Сепак, тоа не значи дека ќе се случи нешто лошо, туку дека ќе мораат да научат да се прилагодуваат кон промените. Стариот начин на живот веќе не функционира. Време е за нови предизвици на секое животно поле. Ако сакате да бидете сакани и да имате успешна љубовна врска, треба да им се посветите на луѓето, а не постојано да им давате изговори. Опуштете се и повеќе време поминувајте со своите сакани, особено со браќата и сестрите. На работно поле ви цветаат рози со оглед на тоа дека мошне посветено ги исполнувате обврските кои ви се дадени.

Среќни денови:
6 јули и 24 јули – деловни прилики
26 август и 9 септември – вашата магнетска привлечност ќе ви донесе многу обожаватели

Девица

Оваа година ќе бидете мошне активни на сексуално поле. Слободата што ќе ја имате во спалната соба, ќе ви даде дополнителна мотивација да бидете мошне успешни и на другите полиња. Ќе имате чувство дека одново го запознавате партнерот и имате можност да ја доживеете својата врска на еден сосема поинаков начин. Од јануари до октомври имате одлична можност за заработка, па затоа потрудете се максимално да го искористите овој период. Сепак, не се впуштајте во купување на недвижнини бидејќи во иднина ќе имате уште подобри прилики.

Среќни денови:
13 јануари и 31 јануари – супер период за активен друштвен живот
19 септември и 6 октомври – шанса за нова врска

Вага

Оваа година е година без граници за вашиот знак. Изгледа дека сè што сте наумиле ќе ви појде од рака, па на вас само ќе остане да ги правите големите планови и да уживате во нивното реализирање. Ова е време кога работите на себе и на својата самодоверба. Очекувајте да бидете забележани на работното место и луѓето да ви се восхитуваат. Периодот е совршен за нова работа, но и за зголемување на платата. Поставеноста на ѕвездите не исклучува и добивки на среќа, па затоа играјте почесто и надевајте се на најдоброто.

Среќни денови:
4 февруари и 16 февруари – не гледате ништо пред себе освен една личност, која мошне ве возбудува
14 октомври и 6 ноември – ја користите својата харизма за да го добиете она што го сакате.

Скорпија

Ова несомнено е најдобрата година за скорпијата. Пред вас се нови хоризонти, можности, патувања, а вие сте само еден голем магнет кој го привлекува сето тоа во своја корист. Минатото се враќа на голема врата, но не за да ве плесни по нос, туку да ви покаже дека сте ги научиле своите лекции и имате добра основа за бестрашно продолжите во нови походи. Конечно знаете што е она што ве кочело на патот до успехот и оваа година сте подготвени да го тргнете од својот пат.

Среќни денови:
17 октомври и 4 ноември – ако сте мислеле дека некои препреки на деловно поле не може да бидат премостени, сега ќе се уверите дека сте грешка
9 декември и 31 декември – нова активност

Стрелец

Судбинска година и за стрелците, кои освен тоа што ќе имаат успех на финансиско поле, ќе доживеат и голема страст на љубовно поле. Во 2017-та ќе направите ретроспектива на она што ви се случувало во изминатите години и ќе сфатите зошто некои нешта не успеале и зошто некои луѓе повеќе не се дел од вашиот живот. Се разбира, сè се случува за ваше добро, па што побрзо ја погледнете големата слика, толку полесно ќе се соочите со секој предизвик што ќе биде поставен пред вас.

Среќни денови:
1 февруари и 10 февруари – страста ќе ве однесе во прегратките на нова личност
1 декември и 24 декември – голема љубовна среќа

Јарец

Во 2017-та тргнувате во остварување на конкретни животни цели. Не се занесувате со бајки и илузии и гледате како наједноставно да го добиете она што го сакате. Задоволството на крајот од денот ќе го наоѓате во семејството и неколку пријатели во кои имате најголема доверба. Оваа година обидете се да не ги контролирате сите нешта на деловно поле. Ќе се изненадите од себе си и од тоа колку добро може да се снајдете во некои ситуации, што ќе ви даде дополнителна сила за да продолжите понатаму.

Среќни денови:
1 јануари и 27 јануари – среќата ви ја носи личност од вашето минато
14 декември и 31 декември – среќа на секое поле

Водолија

Честите патувања и новите познанства ќе ви покажат дека лесно може да ги остварите нештата за кои што претходно сте мислеле дека се неостварливи. Ова е вашата среќна година, па зошто да не го извадите максимумот од неа? Ако планирате да побарате работа во странство, постојат големи шанси да ја добиете. Годинава ќе сфатите дека среќата не е само во материјалните нешта, туку и во духовното издигнување. Истражувајте, учете и тестирајте ги своите уверувања. Пријатно ќе се изненадите.

Среќни денови:
12 февруари и 28 февруари – само небото ви е граница
1 октомври и 17 октомври – прославете го својот успех

Риби

Позитивни промени за сите оние кои очекуваат наследство, имот или пари од други луѓе. Се што ви следува ќе ви биде вратено. Нептун во вашиот знак веќе подолго време ви ја изострува интуицијата и ја нагласува креативноста. Ова е мошне поволна година за сите оние кои се занимаваат со било каква уметност, како филм или музика. Уживајте во се што ќе ви донесе новата година и не плашете се до предизвикот да испробате нешто ново.

Среќни денови:
12 јануари и 31 јануари – одличен период за деловен и љубовен успех
1 февруари и 10 февруари – среќа во финансиските работи



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби