Вчера во јавноста излезе многу голема вест, како за самата Катарина Ивановска, така и за целата македонска јавност. Имено, нашата најуспешна манекенка потпиша договор со модната куќа Victoria’s Secret и официјално стана првиот македонски „ангел“.

Она што сега го откривме е дека Кики всушност ќе ја заменува прекрасната Алесандра Амбросио. Бразилската бомба, која е бремена со второ дете, наскоро ќе оди на породилно отсуство, а атрактивната Македонка е избрана за нејзина замена.

- По четири години напорна работа и одење на кастинзи, мислам дека на луѓето од Victoria’s Secret им здосади постојано да ме одбиваат, па на крајот мораа да ме ангажираат. Првиот пат направив едиторијал за нивниот каталог за долна облека. За среќа, им оставив добар впечаток, па од тогаш ме земаат и за посериозни ангажмани, изјави Катарина во едно интервју минатата година.

Сметаме дека Алесандра се здоби со сериозна конкуренција и едвај чекаме да ја видиме Кики на спектакуларните ревии заедно со најпознатите манекенки, како Адријана Лима, Каролина Куркова, Миранда Кер, Кендис Сванепоел и тн. Убаво лице, специфична убавина, идеално тело и многу сексапил во едно е формулата за влез во Victoria’s Secret. Погледнете ги фотографиите и воочете зошто токму Ивановска е избрана од модната куќа која претставува најголем престиж за секоја светска манекенка.