Братислав Гашиќ: Осомничените го признаа убиството на Данка и детално го опишаа чинот

-Денеска е тажен ден за Србија. Потрагата по малaта Данкa Илиќ заврши на трагичен начин, изјави министерот за внатрешни работи на Србија, Братислав Гашиќ, на денешената прес конференција за медиумите.

Тој рече дека се уапсени двајца мажи, кои се сомничат дека со автомобил го удриле детето, а потоа го фрлиле на депонија.

- И двајцата го признаа делото и детално го опишаа настанот, рече Гашиќ.

-Околу 13 часот и 50 минути мајката барајќи го детето видела бел автомобил и маж како стои до него, за кој подоцна, при увидот, се покажало дека е возило „фиат панда“, во кое биле осомничените С.Ј. и Д.Д. Според исказот на еден од осомничените, тие биле на работна задача во населбата Банско Поље, каде требало да ја проверат шахтата на улицата Озренска, каде што пристигнале во 13 часот и 20 минути, истакна Гашиќ.

Возилото во кое биле осомничените стоело пред капијата две и пол минути, бидејќи им требал тоалет. Кога тргнале, на некои 30 до 40 метри од местото каде што застанале, удриле во детето. С.Ј. кој бил сопатник, излегол од автомобилот и телото на Данка која била без свест го ставил во гепекот.

-Тие се договориле да го фрлат телото на девојчето. Во 13 часот и 57 минути ги запрел таткото на девојчето и прашал дали го виделе детето, на што тие одговориле негативно, рече министерот.

Истрагата покажува дека двајцата осомничени по чинот се вратиле во фирмата оставајќи го службеното возило. Уште погрозоморно е што, С.Ј. истиот ден на покана на директорот се вклучил во потрагата по исчезнатата Данка.

Министерот Гашиќ рече дека убијците на Данка Илиќ биле ставени на полиграф и дека едниот веднаш реагирал на полиграфот, додека другиот имал задоцнета реакција. Истиот ден им се одземени сите три автомобили, два приватни и еден службен.

Тој откри дека двајцата мажи ја однеле полицијата до депонијата, но дека имаат информации дека едниот од нив се вратил на местото и го пренел телото на друга локација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...