Отоманска империја ќе се обнови

Анкара, 4 март (МИА) - Турција почна да ја зајакнува моќта во регионот и до 2040 година ќе биде единствена супер сила во тој регион и ќе има власт над земјите на поранешната Отоманска империја, според прогнозата на раководителот на американската невладина агенција за стратешки истражувања „Стратфор“ Џорџ Фридман, цитирана од весникот „Сабах“.

Весникот истакнува дека е неопходно да се обрне внимане на таа прогноза, имајќи предвид дека Фридман е раководител на еден од најважните центри за стратешки истражувања во САД и е близок до Пентагон.

- Уште отсега можете да ги видите трагите на „загосподарувањето“ кои Турција ќе ги изгради во регионот на поранешната Отоманска империја, истакна Фридман.

Тој тврди дека тој процес веќе започнал. Според него, што се однесува до исламските земји во регионот, влијанието на Турција во тие земји непрекинато расте и таа започнала дури и да доминира во регионот.

Фридман додава дека Турција развива врски со Албанија и со Србија на Балканот, а на Кавказ изградила моќен сојуз со Грузија и со Азербејџан.

Тој оценува дека Турција има две карактерни особини - има „жива“ економија и многу силна армија. Според него, сега Турција ја има 17-та по големина економија во светот, а според неговите прогнози, до 2020 ќе се придвижи до 10-то место по тој показател.

Најважната предност на Турција, според Фридман, е нејзината географска структура. Раководителот на американската невладина агенција за стратешки истражувања „Стратфор“ смета дека Турција поседува се што е неопходно, за да биде регионална сила и во регионот нема друга таква земја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената одненадеж се враќа дома и ја затекнува домашната помошничк седната во скутот на мажот и.
Аууу - мажу! - извикува сопругата. Па нема ни половина час како ти ги испеглав...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...