Путин ги обвинува западните банки дека не плаќаат за рускиот гас

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги обвини западните банки дека не извршиле плаќања за рускиот гас, само две недели откако побараа таквите плаќања да се вршат во рубљи.



– Постојат неисполнети обврски при извозните испораки на руските енергетски ресурси, рече Путин за време на состанокот за развојот на рускиот енергетски сектор, чии делови беа емитувани на државната телевизија, пренесува ДПА.

– Банките од овие крајно непријателски држави го одолговлекуваат трансферот на плаќањата, оцени Путин.

На крајот на март, Путин побара земјите од ЕУ за испорака на руски гас во иднина да плаќаат во рубљи, потег што го презеде Москва заради ублажување на ефектите од западните санкции врз нејзината економија.

Западните влади воведоа строги санкции за Русија, откако таа земја изврши инвазија на Украина на 24 февруари.

Купувачите на руски гас можат да отворат сметка во Газпромбанк и таму да депонираат пари во долари и евра како и претходно. Банката ги претвора парите во рубљи и ги префрла на Гаспром.

Додека западните лидери бараат дополнителни начини за запирање на руското бомбардирање на Украина, Путин предупреди да не се воведува какво било ембарго на рускиот гас и нафта, чекор на кој инсистира Киев.

– Последиците од таквиот чекор можат да бидат многу болни – особено за иницијаторите на таквата политика, рече Путин. Тој, исто така, повтори дека Русија сака во иднина да продава повеќе од своите суровини на други региони во светот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...