Франција ја поддржува Македонија за НАТО и ЕУ

Скопје, 2 јули (МИА) - Претседателот на Франција Никола Саркози упати писмо до македонскиот претседател Бранко Црвенковски во кое изразува подготвеност за продлабочување на билатералните односи и дава поддршка за членството на Македонија во НАТО со оглед дека таа ги исполнила потребните услови, истакнувајќи притоа дека останува уште да се најде решение за прашањето за името со Грција, соопшти денеска кабинетот на претседателот на Република Македонија.

- Ми се чини дека е неопходно ова прашање да престане да претставува пречка за легитимните аспирации на Вашите сограѓани за влез во ЕУ и НАТО. Напорите што ги прави посредникот на ОН Метју Нимиц за да се изнајде заедничко прифатливо решение, ја имаат мојата целосна поддршка. Ве повикувам, како што ги повикав и грчките власти за време на мојата посета на Атина на 6 јуни,  двојно да ги зголемите напорите за да можат тие преговори конечно да завршат, вели претседателот Саркози во писмото што го испратил до претседателот Црвенковски.

Во писмото на францускиот Претседател до претседателот Црвенковски се изразува уверување дека и покрај инцидентите што се случија за време на парламентарните избори,  Македонија има доволен демократски капацитет и неопходен легитимитет да продолжи со реформите за приближување кон Европа.

Претседателот Саркози натаму истакнува дека Франција, и на национално ниво и како Претседавач на Советот на ЕУ, ќе биде на страната на Македонија да ја поддржува на патот кон нејзина успешна интеграција во Унијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Одат тројца наркомани по пруга и едниот вика:
- Бреј, што скали има!
Вториот додава:
- И гелендерот колку е низок, не можам да го дофатам.
Третиот се јавува:
- Не берете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1568.- Роден е Томазо Кампанела, италијански...
1585.- Роден е Арман Жан ди Плеси Ришелје,...
1600.- Со повелба на кралицата Елизабета е...
1638.- Роден е францускиот крал Луј XIV, наречен...