Имаме интерес од искрен и репрезентативен соговорник

Скопје, 8 мај 2012 (МИА) - Македонија има интерес Грција да има влада која е искрено посветена на надминување на билатералниот проблем кој таа земја ни го наметна, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски на денешната средба со новинарите.  

- Исклучително важно за Република Македонија е да има репрезентативен, но пред се посветен партнер и соговорник во Република Грција. Која било ситуација по избори која не би довела до соодветен соговорник, кој не би имал интерес за надминување на името би било препрека. Тука не би гледал за потреба да правиме дистинкција помеѓу една, друга или трета политичка сила во Грција, која би била водечка во следната влада, бидејќи ние во многу долг временски период го имаме овој проблем и сме се соочиле и со лева и со десна влада и не сме биле во можност да го надминеме овој проблем. Дури и сме биле почесто во ситуација на неоправдани блокади, рече Попоски запрашан што очекува како министер доколку левицата формира влада во Грција во однос на спорот за името.

За тоа дали ако по финансиската криза во Грција се создаде и политичка поради неможност за создавање влада, Македонија со сработена домашна задача  може да добие дополнителен аргумент за меѓународната заедница да изврши притисок за добивање покана за членство во НАТО и старт на преговорите со ЕУ, министерот Попоски со став дека при постојната компликувана ситуација билатералниот проблем, кој ни е е наметнат од Атина, не би бил во преден план.

- Во никој случај не би можела да биде корисна за нас таква продолжена ситуација во Грција, бидејќи би значело дополнителна дефокусираност и де факто отсуство на каков било мотив за зголемен ангажман за надминување на спорот, оцени Попоски.

Тој појасни дека од аспект на НАТО, Македонија ги исполни сите критериуми и де факто се однесува како земја членка, а прашањето за нашето членство е од бирократска природа. Во однос на ЕУ, рече, токму главната придобивка од пристапниот дијалог на високо ниво е самите да ги генерираме целите и да ги исполнуваме што би ни овозможиле сите предизвици на патот на евроинтеграцијата да ги надминеме час поскоро и без оглед на долгогодишната блокада.

- Ние работиме во тој правец за доколку утре се донесе одлука за отпочнување преговори тоа да претставува континуитет и да бидеме подготвени, рече Попоски.

Во однос на претстојниот самит во Чикаго повтори оти фокусот ќе биде на Авганистан, а не проширувањето. За Македонија посочи дека најсилен аргумент е нејзиното учество во ИСАФ, а членството во Алијансата, додаде, не е врзано за самит туку може да се случи на кој било состанок на Северноатлантскиот пакт.     

За вчерашните протести во Тирана и во Софија, шефот на дипломатијата оценува дека како регион имаме потреба повеќе за настани кои би праќале сигнали за добра прекугранична соработка со сите соседи и земји во регионот и затоа не би им придавал значење.

- Со двете земји имаме исклучително широко поле на соработка и заеднички интереси. Не мислам дека тие настани се такви на кои би требало да им придаваме некое особено значење. Она што нам треба да ни биде приоритет е да ги нагласуваме сите оние полиња каде имаме одлична основа за соработка. Фактот што Бугарија е веќе членка на НАТО и на ЕУ и може да ни даде поддршка во тој правец и што со Албанија имаме одлична соработка, а последниот сигнал за тоа е договорот за преминување на границата со лични карти е силен сигнал за нашиот регион дека одиме кон Европа, рече Попоски. 

Министерот за надворешни работи на средбата се осврна на остварените посети на САД, средбата со генералниот секретар БанКи-мун и посетата на Израел. Како следни дестинации ги најави Белгија, Луксембург и Турција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...