Џенифер Лопез е подготвена за нов брак

Џенифер Лопез, која од април повторно е во врска со своето поранешно момче Бен Афлек, за „Today“ изјави дека сѐ уште верува во брак, иако е трипати разведена. Таа призна дека е и дека од секогаш била „романтична личност“.

– Сè уште верувам во среќен брак, до крајот на животот. Сигурна сум, 100 отсто!, вели пејачката-актерка.

Во претстојниот филм на Лопез „Омажи се за мене“ (Marry Me), таа глуми пејачка која многупати била омажена – слично како и во вистинскиот живот.

– Чувствувам дека сум човечко суштество, како и сите други. Имав подеми и падови, правев грешки и навистина сум горда на она што го постигнав во мојот живот и каква сум како личност – мајка, актерка!, вели таа.



Лопез се смири со Афлек откако се раздели со претходниот свршеник – поранешниот бејзбол-играч на „Јенките“, Алекс Родригез. Таа се омажи за својот прв сопруг – актерот Ојани Ноа во 1997-ма, а се разделија во 1998-ма година. Потоа се омажи за кореографот Крис Џад и тоа траеше од 2001-ва до 2003-та година. Следуваше бракот со нејзиниот колега, пејачот Марк Ентони во 2004-та, со кого ги има 13-годишните близнаци Ема и Макс, но се разведоа во 2014-та година.

Лопез беше во врска и со раперот Шон „Диди“ Комбс од 1999 до 2001 година, како и со Каспер Смарт подоцна. Гласините велат дека и Дрејк договорил неколку состаноци со убавицата, но и дека таа „кратка афера“ најверојатно не е ништо повеќе од „маркетиншки трик“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби