Марк Хармон ја напушти „Нејви“ по 18 сезони

По 18 сезони, Марк Хармон одлучи да ја напушти ТВ-серијата „Нејви“ (NCIS), во која го глумеше ликот на Лерој Џетро Гибс. Тој, сепак, ќе продолжи да работи на серијата како извршен продуцент.



Гласините за неговото заминување беа присутни веќе неколку месеци, но официјалната потврда пристигна сега. Хармон всушност потпиша договор и за 19-та сезона на серијата во јуни, но во него се навестува дека актерот многу ретко ќе се појавува на екранот, пренесуваат западни медиуми.

Епизодата што се прикажуваше вчера, според наводите, беше последна со Хармон. Откако речиси загина во експлозија на брод на крајот од 18. сезона, Гибс одлучи да не се врати на работа и си остана на Аљаска… Извршниот продуцент Стивен Д. Биндер сепак нагласи дека „вратата му е секогаш отворена“ за враќање на Гибс.

– Како извршен продуцент и мој драг пријател, Марк ќе продолжи да биде дел од серијата. Лерој Џетро Гибс никогаш нема да биде целосно исклучен, изјави Биндер.

Серијата од оваа 19. сезона ги додаде Катрин Лоу и Гери Кол како редовни актери, заедно со Шон Мареј, Брајан Дицен, Роки Керол и Дејвид Мекалум, како и Вилмер Валдерама и Дион Рејсоновер, кои се приклучија во сезоните 14 и 15 на серијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Изгледа твојата жена обожава да носи чудни шешири?
-Немам поим. Меѓутоа последен пат на шеширот имаше толку цвеќе што три погребни поворки ја следеа до дома
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама со...
1621-. Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен,...
1709.- Руската војска под водство на царот Петар...
1809.- Во Крапина е роден Људевит Гај, голем...