Се снима биографски филм за Ејми Вајнхаус

Речиси 12 години по смртта на Ејми Вајнхаус, почна снимањето на биографски филм за животот на британската соул-пејачка.



Режисерката Сем Тејлор-Џонсон објави на Инстаграм дека снимањето на „Back to Black“, именуван по вториот албум на Ејми, почнало вчера во Лондон. Таа ја објави и првата слика од актерката Мариса Абела преобразена во познатата пејачка, со крената коса, тетоважи и големи обетки. Филмот ги следи „живописните рани години на Ејми во Лондон и нејзиното интензивно патување до ѕвездите“, се вели во објавата.

-Првиот пат кога го видов настапот на Ејми беше на шоу за таленти во џез-клуб во Сохо и веднаш беше очигледно дека не се работи само за талент… Таа беше генијалец. Се чувствувам и возбудено и понизно, бидејќи имам можност да ја реализирам и донесам убавата, единствена и трагична приказна за Ејми, придружена со најважниот дел од нејзиното наследство – нејзината музика, рече Тејлор-Џонсон.

Режисерката е можеби најпозната по хитот „50 нијанси сиво“, како и биографскиот филм „Џон Ленон: Момче кое не ветува“.

Покрај нејзиниот величенствен глас и големите музички хитови, Вајнхаус ги полнеше весниците и со своето однесување. Таа со години се бореше со зависноста од алкохол и дрога. Почина на 23 јули 2011 од труење со алкохол, на само 27 години. Во 2015 година, британскиот режисер Асиф Кападија сними документарен филм за животот на Ејми Вајнхаус, за што доби и „Оскар“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Направиле Јапонците робот во се ист како човек и викнале Јапонка, Французинка и Кумановка да го испробаат.
Прва влегла Јапонката, останала внатре едеп час и излегла мошне...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1883.- Во Прага е роден Франц Кавка, австриски...
1894.- Француските трупи и покрај херојскиот...
1949.- Во Скопје, во Македонскиот народен театар...
1962.- По 132 години француска колонијална...