МАКЕДОНИЈА ПО ТРЕТПАТ ВО СВОЈАТА ИСТОРИЈА УЧЕСНИК НА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО, КАПИТЕНОТ УВЕРЕН ВО УСПЕХ

Кој ќе "преживее", ќе прераскажува!

"Тука веќе нема 'криење', напротив. Машка борба, до последниот атом од силата. Па кој ќе преживее, ќе прикажува, поточно ќе патува во Вилнус, кој не, ќе си дојде дома, да анализира дали можело да биде подобро и да чека некоја наредна шанса по две години"- вели нашиот предводник на паркетот на ова првенство во Литванија, Перо Антиќ.

Што било поминало, што ќе биде, ќе кажат веќе наредните шест дена од она што се вика наше трето учество на едно големо натпреварување какво што несомнено е Европското првенство.

Она кое денеска почнува да се одржува во Литванија, за првпат по многу долго време оваа балтичка земја, родена за она што се нарекува кошарка, доби шанса да му се претстави не само на Стариот континент туку и пошироко, во светот. Да покаже дека освен тоа што добро, одлично знаат да играат со портокаловата топка, можат и знаат да бидат и добри и успешни организатори.

Ќе имаат обврска плус Литванците, посебно ако се знае дека влегуваат во историјата, како прва земја која ќе нагости дури 24 национални селекции на едно ЕП од постоењето.

Една од нив, на наша голема радост и задоволство и Македонија. И тоа вторпат по ред, и повеќе од заслужено затоа што третиот пласман во нашата речиси 20-годишна кошаркарска самостојност, го остваривме на паркетот, а не со помош на администрацијата на ФИБА-Европа која лани нареди "експанзија" која ќе ја спроведе токму на Балтикот.

А сега како сите ние ќе се снајдеме со истата останува отворено прашање, барем од 18 септември, кога Европа во Каунас ќе го добие новиот кошаркарски владетел.

Затоа од она глобално се"симнуваме" на нашето локално ниво, она обоено во "црвено-жолта" комбинација. Или дел од балканската група на народите која по волја на ждрепката е составена во групата "Ц" во ова натпреварување

А кога зборуваме за нас лично, тогаш е јасно и тоа дека Перо Антиќ е едно од имињата кои ја одбележаа нашата репрезентативна кошарка во овие последни сезони.

По заминувањето на Врбица Стефанов од онаа "главна сцена", некако природно се наметна како нов лидер на "црвено-жолтите", без оглед на тоа што пред него има играчи кои треба или можеа и се уште можат да ја носат капитенската лента...

Сепак, тој беше спремен да се соочи и со тој предизвик, го прифати. По успехот во квалификациите за ЕП во Полска, пред две годни, токму под негово водство нашиот сениорски национален тим успеа да го репризира тој момент уште еднаш.

Македонија и по третпат да биде учесник на завршниот турнир од Европското првенство, кое денеска почнува во Литванија.

За нас, како дел од групата "Ц", тој старт ќе биде означен во малото гратче Алитус. Тука не чекаат пет исклучително тешки и сериозно важни натпревари за нашата иднина на Евробаскетот. Редоследно, Црна Гора, Хрватска, Грција, Финска и Босна и Херцеговина како наши противници и пречки во обидот да го повториме, а зошто да не, и надминеме успехот од пред две години во Полска.

Тоа е и основата премиса, и пред се желба на нашиот капитен на овој шампионат.

"Дојде и моментот за кој се подготвувавме така долго и на начин на кој од нас го бараше тоа стручниот штаб. Дојдоа миговите кога треба да покажеме што сме работеле во овие месец и половина"- го почнува дијалогот Антиќ пред првата наша пресметка на ЕП, она против Црна Гора денеска попладне од 15.30 часот по локално, литванско време (14.30 по македонско).

Неговите и желбите на репрезентативните соиграчи се граничат со подобрен резултат од претходниот, остварен на Евробаскетот во Полска...

Антиќ смета дека, со оглед на изменетиот систем, односно зголемување на бројот на учесниците од 16 на 24 кој со себе носи и повеќе противници во првата, или групна фаза, веројатно почетокот ќе биде и решавачки за крајниот изглед на табелата во групата "Ц".

"Пред се, се надевам на добра претстава на нашиот национален тим. Подобра од претходната. Пред се подобар почеток бидејќи ќе ни требаат повеќе победи од она првенство во Полска за да имаме, а сакаме да имаме добар пласман и сега во Литванија. Некои наши размислувања, или подобро кажано желби, се граничат со некој наш пласман во следната рунда каде би сакал сите заедно да славиме"- смета капитенот.

Околу распоредот на натпреварите во Алитус... дали сметаш дека истиот е позитивен за нас или не?

"Сигурно е дека сите играчи во нашата селекција одиграле доста вакви натпревари. Односно неколку по ред, практично без ден одмор. Сите се веќе доволно искусни играчи. Сите може да го понесат товарот кој го бара играњето на овој турнирски систем кој се практикува на големите натпреварувања. Впрочем затоа и се подготвувавме така напорно, да го издржиме тој последен напор кој го носи играњето на ЕП, и се надевам дека сиот тој труд на крајот и ќе ни се исплати".

Со што Перо Антиќ би бил задоволен на овој Евробаскет, кој е резултатот кој може да ја задоволи и нашата јавност, која со посебен интерес ќе ги следи настапите на нашиот кошаркарски тим. Единствениот македонски кој ќе ја претставува нашата земја во оваа 2011 година на така големо натпреварување?

"Не барајте од мене да прогнозирам бидејќи воопшто не ми оди со тоа. Кога се говори за очекувањата, тие одат во насока, а и претходно кажав, пред се да оставиме добар впечаток пред нашата јавност. Можам да гарантирам дека сите до еден ќе дадеме се од себе во тие наши обиди. За што ќе биде доволно сето тоа, останува да видиме на 'лице место', во Алитус, се надевам потоа и во Вилнус, зошто да не?

Да го израдуваме нашиот народ со добри игри, се надевам и со победи. Јасно ни е на сите во селекцијата дека сега ќе ни требаат две, можеби и три победи. Ќе ги бараме на секој натпревар, почнувајќи од оној против Црна Гора, па се до последниот со Босна. Никому нема да признаеме дека е фаворит. Сме играле со сите тимови во нашата група, доволно добро се познаваме, не очекувам некои нови тактички измени во концепцијата на играта на противниците. Сепак, едно беа оние пријателски натпревари, а нешто друго се овие кои следуваат. Тука веќе нема 'криење', напротив. Машка борба, до последниот атом од силата. Па кој ќе преживее, ќе прикажува, поточно ќе патува во Вилнус, кој не, ќе си дојде дома, да анализира дали можело да биде подобро и да чека некоја наредна шанса по две години"- гласи заклучокот на нашиот предводник на паркетот на ова првенство во Литванија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...